Римската империја останала забележана како една од најголемите цивилизации во човечката историја, оставајќи зад себе бројни придобивки како развиена патна мрежа, римското право, календарот, литературата, абецедата со која се служи половина свет и др. Но, некои факти за Римјаните останале помалку познати.

rm

1. Ја пиеле крвта на убиените гладијатори

Старите Римјани ја пиеле крвта на убиените гладијатори бидејќи верувале дека овој ритуал ја пренесува нивната храброст и виталност на нив. Неколку автори ја забележале постапката за собирање крв по борбите, но и нејзината продажба во медицински цели. Некои дури сметлае дека гладијаторската крв лечи епилепсија.

2. Времето за нив било релативен поим

Римскиот час можел да трае 75 минути во текот на летото и 44 минути зиме, со оглед на тоа дека животот на многу од римските граѓани директно зависел од сонцето. Имено, должината на часот ја прилагодувале на должината на денот.

rm01

3. Само богатите носеле виолетово, црвено и зелено

Старите Римјани суделе за луѓето според нивниот изглед – поточно, според бојата на нивната облека. Сите нијанси на кафеава, жолта, сива и црна се сметале за знак за сиромаштија. Од друга страна, црвената, виолетовата и зелената се добивале со помош на вештачки бои кои биле донесувани од далеку и биле скапи, па според тоа се сметале за еден од знаците за богатство и висок општествен статус.

4. Густите и споени веѓи се сметале за знак на интелигенција

Густите и споени веѓи биле високо ценети во древниот Рим, а особено кај жените, бидејќи се сметале за знак на голема интелигенција. Токму поради тоа многу дами сакале да ја зголемат влакнетоста на овој дел од телото, лепејќи вештачки веѓи направени од козји влакна.

5. Стоматолошките помагала биле на висока цена

Древните Римјани се грижеле за своите заби, па така забарите биле многу популарни. За ова сведочи и еден археолошки пронајдок на женска вилица со протеза. Научниците веруваат дека древните стоматолошки помагала како импровизирани импланти и забни протези повеќе биле симбол на моќ и богатство отколку реална потреба.

6. Пиењето отров било секојдневна појава

Кон крајот на 1. век, римските цареви вовеле традиција на секојдневно пиење на мали количества отров со цел да се создаде имунитет од опасните болести. Отровната комбинација се нарекувала митридат, според истоимениот крал кој прв ја пробал оваа метода.

7. Повраќањето на гозбите било нормално

Старите Римјани сакале да претеруваат со храната и пиењето, па така ја вовеле традицијата на повраќање во текот на гозбите. Според Сенека, тие би јаделе сѐ додека не им се слоши, а потоа поттикнувале повраќање за да можат да продолжат да уживаат во храната и пиењето.

8. Римјанките ги боеле косите

Иако обоената коса кај жената отпрвин била знак дека се занимава со најстариот занает на светот, третата сопруга на императорот Клаудиј – Валерија Месалина – ја вовела оваа мода меѓу сите дами. Отпрвин се бојадисувале само периките, а потоа римските благороднички почнале да ја бојадисуваат и сопствената коса.

9. Облеката ја переле со урина

Старите Римјани употребувале човечка урина за перење на својата облека. Верувале дека амонијакот во неа помага во отстранувањето на дамките од неа и од другиот вид текстил.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено