Во последно време, науката значително се разви и донесе многу корисни достигнувања во сите полиња. И токму кога помисливме дека сè е откриено, самостојни научници и големите компании доаѓаат со уште поамбициозни проекти и идеи. Некои од нив сакаат да ја освојат вселената, други сакаат да излкуваат и спречат болести за да спасат милиони луѓе.

9. Wi-Fi мрежа за целата планета

Повеќе од 50% од светските рурални области во Европа, Африка и Азија сè уште не можат да си дозволат сигурна, брза интернет врска. Поддржани од Вирџин Групацијата, OneWeb ќе го овозможи тоа за само 10 години. Според Грег Вајлер, основачот на компанијата, тие градат нова глобална инфраструктура за знаење достапна за сите, особено во руралните средини. Во 2018 година, тие планираат да лансираат 10 сателити, кои ќе станат првите парчиња од сателитската загатка која кружи околу Земјата. Компанијата планира да го донесе пристапот до интернет до секое училиште, дом или здравствен центар во 2022 година. До 2027 година, со 900 орбитирачки сателити, целосно ќе го премостат дигиталниот јаз во целиот свет.

8. Маска која овозможува „натчовечки“ сетила

Сите суперхероите носат маски, штитови и костуми со железо, дури и оние кои немаат никакви суперсили. Технолошкиот напредок докажа дека денес секој може да изгледа како суперхерој или барем во голема мера да ги подобри сетилата за вид и слух. Изработена од студенти од Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, маската наречена „Еидос“ го изострува начинот како го гледаме и го слушаме светот околу нас.

Eidos Audio Mask може да ги засили специфичните звуци и да го блокира шумот во позадината користејќи насочен микрофон. Тоа им овозможува на носителите да ги слушнат гласовите што ги сакаат. Оваа маска ќе има големо практично влијание за оние со проблеми со слухот или оние кои тешко се концентрираат во бучна средина.

7. Проектот со третиот палец

Дани Клод, дизајнер од Нов Зеланд, со седиште во Лондон, воведува нов проект за „палците“ во форма на екстра-прст. Тие комуницираат со палецот преку Bluetooth и реагираат на сите движења. Според Клод, таа отсекогаш била заинтересирана за протетика и сакала да ја разбере поврзаноста помеѓу носителот и екстремитетот, бидејќи некои луѓе го чувствуваат тоа како дел од нив. Прототипот на Третиот палец има ветувачка иднина во музиката, медицината и секое поле каде што на едно лице му треба „нешто повеќе“. Проектот на Клод служи за проширување на способноста, а не за поправање на попреченоста.

6. Испитувања на лекови против сидата

Светот чекаше тоа да се случи со децении. Конечно, научниот пробив нуди надеж за создавање на вакцина против СИДА. СИДА влијае на повеќе од 36,7 милиони луѓе ширум светот. Според списанието Science, научниците од Националниот институт за здравство успеале да создадат антитела кои го напаѓаат ХИВ од 3 страни, со што се создава можност да се развие вакцината и да се справи со болеста во иднина. Доколку антителата се класифицирани како безбедни за луѓето, до крајот на 2018 година лекот ќе се користи како третман за лица кои веќе живеат со ХИВ / СИДА. Во случај на позитивни резултати од тестирањето, лекот ќе се појави на пазарот во следните 3-4 години.

5. Паметни контактни леќи од Google

Изгледа дека Google не гледа граници во светот на технологиите и ги оживува нештата за кои сонувавме со години. Заедно со фармацевтскиот гигант Новартис, Google веќе три години развива прототип за паметна контактна леќа. Главната цел на уредот се наоѓа во полето на медицината: леќата може да ги мери нивоата на гликоза во солзи користејќи мал бежичен чип.

4. Пилула за откривање на рак од Google X

Нанотехнологијата е сложено поле на студии кое може да ја понесе модерната медицина на ново ниво. Лабораториите работат на пилула од наночестички, која може да помогне да се идентификува и спречи рак, па дури и срцеви заболувања.

Според Ендру Конрад, шеф на науката за живот во истражувачката лабораторија на Google, наночестичките бараат сложени и длабоки истражувања, бидејќи можат да му наштетат на човечкото тело ако не се контролирааат правилно. Пред да создаде прототип, Google X ќе мора да се соочи со предизвиците за докажување на безбедноста на наночестичките. Сепак, вреди да се чека.

3. Кина планира да слета на темната страна на Месечината во 2018 година

Во 2016 година, Кина официјално започна нова етапа на лунарното истражување и постави цел да слета на темната страна на Месечината во 2018 година. Тие планираат да го испратат Chang’e-4 на далечната страна на Месечината, која никогаш не биле истражена од луѓе. Всушност, нивните планови за истражувањата на Месечината се доста амбициозни и тие веќе го планираат лансирањето на мисијата Chang’e-5.

2. Органска електроника која може да се раствори во телото

Стенфордскиот професор по хемиски инженеринг Женеан Бао и група негови колеги го создадоа првиот електронски биополимер кој може да се раствори во човечкото тело по употреба. Во својот труд, тие ги опишуваат нивните креации како лесни, биокомпатибилни, ултра-тенки и апсолутно безопасни. Научниците велат дека овој уред може да се користи во многу полиња за да се обезбедат истражувања без да се нанесе штета на животната средина.

1. Трансплантација на глава

Д-р Сергио Канаверо, директор на Торинската напредна група за невромодулација, е подготвен да ја изврши првата трансплантација на човечка глава. Тој сака да го исече ‘рбетниот мозок, да го поправи, а потоа да користи магнетна стимулација. Неговиот тим планира да ги изврши тестовите користејќи трупови. Проценетата цена на таквата операција е скоро 16 милиони долари. Сепак, тој работи со пациенти од Кина и Русија и верува дека ќе ја изврши операцијата со кинески пациент поради повеќе надежи за финансирање.

Сподели на Facebook
пати видено