Истражувачите на НЛО веруваат дека планетата Земја некогаш била посетена од вонземјани, врз основа на „800 години стар мобилен телефон кој бил ископан во Австрија.“

al01

Иако ова тврдење се чини претерано врз основа на еден артефакт кој најверојатно е фалсификат, интернетот просто полуден со најразлични теории во врска со оваа слика. Теоретичарите на заговор веруваат дека направата содржи збир симболи во вид на клинесто писмо, кои потекнуваат од Сумерската цивилизација на Месопотамија (денешен Ирак).

Една од најочигледните показатели за „откритието“ е недостатокот на информации за него на интернет. Ова навело некои да тврдат дека просто се работи за фалсификат. Други пак се цврсто убедени за неговата автентичност и сметаат дека ние всушност копираме вонземјанска технологија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено