Со години Ванда Витер живеела на улиците на Вашингтон обидувајќи се да ги убеди властите дека Социјалното осигурување ѝ должи повеќе од 100 000 долари. Со години, како што вели 80-годишната жена, луѓето сметале дека е луда. Но, конечно некој послушал – и во вторник таа примила исплата во износ од 99 999 долари. Витер, која е мајка на четири ќерки, се преселила во Вашингтон да бара работа откако ја изгубила својата работа во Њујорк.

Homeless Woman-Payout

Но, и покрај тоа што Витер се здобила со сертификат за нова кариера, таа останала без работа – и завршила спиејќи по засолништа на улиците на Вашингтон. Во 2006 решила да побара социјална помош. Но, месечните исплати варирале од 900 до 300 долари. Верувајќи дека чековите се погрешени, Витер не ги подигнала парите и побарала правна помош.

Homeless Woman-Payout

„Ако ги подигнев, кој ќе ми поверуваше дека постапиле погрешно?“, вели Витер. Останала бездомна, преспивајќи на бетон во вреќа за спиење. Витер со себе ги носела трите куфери во кои ја чувала сета документација. Не кажувала на своите роднини за ситуацијата, поради гордост. Кога една од нејзините ќерки ја нашла во Вашингтон, Витер ѝ кажала дека ќе остане сѐ додека не си ги добие своите пари.

Homeless Woman-Payout

Таа вели дека постојано ѝ нуделе советување за психичката состојба, но тоа воопшто не ѝ било потребно.

„Нејзе ѝ требаше економска помош, не психијатарска“, вели социјалната работничка Џули Тарнер. „Тоа е проблемот со бездомништвото во Вашингтон. Толку многу случаи се отпишуваат со изговор за ментална болест. Честопати, бездомништвото едноставно се должи на економската состојба.“

Homeless Woman-Payout

Токму Тарнер била таа која конечно ја ислушала Витер во 2015 година. Но, наместо да ја оквалификува како луда, Тарнер внимателно ги прегледала документите и го потврдила нејзиниот исказ.

„Таа ги имаше сите потребни документи, уредно организирани. Цело време си била во право. Ние навистина сме ѝ ги должеле тие пари“, вели Тарнер.

Тарнер ја одвела Витер кај адвокатот Даниела Дела Пиедра, којашто се нафатила на нејзиниот случај. Така, на крајот Витер ја извојувала својата победа и се преселила во стан на Капитол Хил.

Сподели на Facebook
пати видено