Никој не сака да биде заробен во кафез. Животните секогаш бараат начин да излезат надвор поради желбата за слобода или пак поради нивната љубопитност за „надворешниот“ свет. Овие животни се вистински таленти кога се работи за бегство од „затвор“ и можат да им подзавидат илузионистите, па дури и затворениците.

Евелин и Џим

Евелин и Џим се Бони и Клајд во животинскиот свет. Во текот на годините во зоолошката тие имале 4 обиди за бегство, искористувајќи ги недостатоците на дизајнот на нивните кафези. Евелин секогаш била организаторот а Џим физичка сила во нивната „врска“. Во еден обид Евелин пронашла лоза и со помош на неа се искачила преку ѕидот, а наредниот пат исто така Џим и помогнал и ја префрлил преку оградата, кај жирафите.

Октоподот Инки

Популарниот октопод избегал од аквариумот во Нов Зеланд во 2016 година. Инки се протнал низ мала празнина на врвот на неговиот резервоар. Потоа се лизгал два метри по подот и влегол во одводна цевка од 50 метри која го исфрлила во заливот. Чуварите го забележале неговото бегство кога виделе дека врвот од неговиот резервоар е подотворен.

Орангутанот Фу Манчу

Откако вработените ќе си заминат фу се качувал во отворите за воздух поврзани со неговото живеалиште и ги следел до една заклучена врата која вработените често ја користеле. Умниот мајмун извадил метални жици од под неговиот образ, каде што ги чувал во текот на денот и ја обил вратата. Каде ја научил Манчу оваа техника останува мистерија.

Папагалот Чува

Нее јасно како Чува избегал од зоолошката градина поради тоа што не може да ги користи крилјата. Тој стигнал до паркингот и влегол во комбе каде што се криел 3 дена. Откако сопственикот на комбето го пронашол папагалот го вратил на зоолошката градина.

Масала црвената панда

Оваа слатка панда успеала некако да ја премине оградата во нејзиното живеалиште и да влезе во пошумена област. Биле потребни 200 доброволци и повеќе од 320 часа за да биде пронајдена.

Орангутанот Карта

27-годишниот орангутан очигледно е и електричар. Таа направила одличен план за бегство така што ставила стапче во жиците за електричната ограда, а потоа собрала материјал за да направи платформа со помош на која ќе се качи преку ѕидот. Откако се прошетала еден час таа самата се вратила во кафезот на истиот начин на кој избегала.

Магарето Фрости

Магарето Фрости научило како да отвара врати со неговите заби. Иако тој официјално не направил бегство, постојано им покажува на вработените дека е способен да го направи тоа кога и да посака.

Желката Або

Иако желките не изгледаат како големи авантуристи, Або од зоолошката од Јапонија немал ниту еден обид за бегство од неговото пристигнување во 2004 година. Но во Јули 2017 решил малку да се прошета на 150 метри од зоолошката градина. Еден нивен вработен ја забележал желката и ја вратил дома. Но само 11 дена подоцна або сакал повторно да ја почувствува слободата и избегал. Овој пат навистина успеал и го немало цели две недели и покрај потрагата. Зоолошката понудила награда од 4.500 долари, а желката била пронајдена од татко и син на само 140 метри од зоолошката градина, во грмушки.

Сподели на Facebook
пати видено