Во превод “Буда” значи “просветлен” или “разбуден”. Во неговото учење нема ништо што противречи на внатрешната хармонија во било кое друго учење, религиозно или филозофско. Овие лекции се универзални и вечни, а нивното познавање е интересно за умот и корисно за душата.

1. Нормално е да почнеш со малку.

Бокалот се полни постепено, капка по капка. Секој мајстор некогаш бил чирак. Ако сте доследни и трпеливи, ќе постигнете успех. Никој не може да успее за една ноќ: успехот доаѓа кај оној кој е подготвен да започне од малку и напорно да се труди, додека не го наполни бокалот.

2. Мислите се материјални.

Нашата свест е сè. Ако човек зборува или дејствува со лоши мисли, го прогонува болка. Ако зборува или дејствува со чисти намери, го следи среќа. За да живееш правилно, треба да го исполниш умот со “правилни” мисли. Правилното размислување дава сè што ќе посакате; неправилно размислување е зло, кое на крајот ќе ве уништи.

3. Простувајте.

Да го држите гневот во себе е исто како да фатите жежок јаглен со намера да го фрлите по друг, но всушност ќе се изгорите самите вие. Кога ги ослободувате оние кои се заклучени во затвор на „непростувањето“, вие всушност се ослободувате себеси од овој затвор. Никого не можете да потиснете, без да се потиснете себеси. Научете да простувате брзо.

4. Вашите постапки имаат значење.

За да се развиете, треба да се дејствувате; за да се развиете брзо, треба да дејствувате секој ден. Поговорката гласи: “Бог дава на секоја птица црв, но не го фрла во гнездото”. Буда вели: “Јас не верувам во судбината, која создава врз луѓето кога тие дејствуваат, но верувам во судбината, која се создава врз нив, ако тие не дејствуваат”.

5. Обидувајте се да разберете.

Престанавме да се бориме за вистината, почнавме да се бориме само за себе. Прво се обидете да разберете и дури потоа се трудете да ве разберат вас. Треба да се потрудите да ја дознаете перспективата на другиот човек. Доколку ги слушате другите и ја сфатите нивната приказна, ќе бидете спокојни. Фокусирајте се на тоа да бидете среќни, а не да бидете во право.

6. Победете се себеси.

Подобро е да се победиш себе отколку да се освојат илјади борби. Оваа победа не можат да ти одземат ниту ангелите, ниту демоните, ниту рајот, ниту пеколот. За да се победиш себе, треба да ги контролираш своите мисли. Тие не треба да беснеат како морски бранови. Ќе си кажете – не можам да ги контролирам мислите. Мислата доаѓа кога сака. Но на тоа Буда одговара „Не можете да спречите птицата да лета над вас, но несомнено можете да ја спречите да свие гнездо на вашата глава.“

7. Живејте во хармонија.

Хармонијата доаѓа одвнатре. Не го барајте однадвор она што може да биде само во срцето. Хармонијата не е нова работа, нов автомобил или новиот брак; хармонијата е мирот во душата и тој започнува со вас самите.

8. Бидете благодарни.

Да се заблагодариме за тоа дека ако не сме учеле многу, тогаш барем не сме изгубиле многу време, а ако сме изгубиле време, тогаш барем не сме се разболеле, ако пак сме се разболеле, барем не сме мртви. Секогаш ќе се најде нешто за што вреди да се заблагодариме. Не бидете толку песимисти, дури и во најтешките моменти има барем 10 работи за кои можеме да бидеме благодарни. Секогаш има нешто за што вреди да се заблагодариме.

Сподели на Facebook
пати видено