Мозоци. Сите имаме еден, наводно. Мозокот е еден од најкомплексните и малку разбрани делови на човечкото тело. За жал доколку беше поедноставен, ние сеуште не би можеле да го разбереме бидејќи би биле прилично глупави. Иако научниците секој ден се трудат да откријат нешто ново за мозокот, едноставно некои прашања сеуште немаат одговор.

8. Како е толку брз?

Најчесто луѓето го споредуваат мозокот со супер-компјутер. Но технички мозокот е поспор од компјутерот. Брзината со која сигналите патуваат низ мозокот е околу еден милионити дел од брзината на пренос на сигнали во компјутерите. И покрај ова, ние сме во состојба да препознаеме лице, песна и мирис во еден ист момент за многу пократко време од супер-компјутерот. Проблемот со извршување на многу пресметки одеднаш е дека тој ви дава многу различни резултати. Ова е нешто што ги успорува компјутерите за паралелно процесирање, но мозокот некако може да ги среди сите овие со молскавична брзина за да создаде една единствена мисла, однесување или меморија.

7. Од каде доаѓа личноста?

Нашата личност, карактер, најверојатно „живее“ во нашиот мозок, но не можеме да кажеме за каква личност се работи ако само гледаме во нивниот мозок. Голем број на луѓе ја поддржуваат теоријата дека нашиот карактер зависи од околината во која живееме, но како тогаш би ги објасниле луѓето кои израснале во слични околности а имаат сосема различни карактери.

6. Зошто спиеме и сонуваме?

Сонот очигледно е многу важен, но никој не може да каже со сигурност зошто е тоа така. Истото важи и за сонувањето. Има многу претпоставки сонот останува мистерија.

5. Како складираме спомени?

Слично како хард дискот во компјутер, сеќавањата се физички кодирани во нашите мозоци … барем така мислиме. Научниците претпоставуваат дека така функционира, бидејќи нема вистински друг начин на кој би можел да работи, но ние навистина не знаеме како и каде се наоѓаатнашите спомени кога не размислуваме за нив.

4. Дали сме компјутери?

Општо прифатената мудрост овие денови е дека човечкиот мозок е суштински класичен процесор на информации – компјутер. Многу напреден, но сепак компјутер. Меѓутоа, инстинктивната неверојатност на ова води до верување дека мозокот не може да се пресмета и дека ниедна количина обратен инженеринг нема да ни дозволи да го репродуцираме. Некои експерти веруваат дека органскиот мозок е фундаментално различен од компјутерот, бидејќи неговите функции се составени од нелинеарни интеракции меѓу милијарди клетки, наспроти нули и единици на компјутерите.

3. Дали имаме слободна волја?

Откако филозофите се бореле со оваа прашање со години, научниците решиле и тие да се обидат, а резултатите се малку вознемирувачки. Истражувања во 1980-тите и неодамна се повторуваа со најновата технологија, во кои научниците барале од луѓето доброволно да направат движење со прстите. Сепак, нивната активност на мозокот покажала дека нивната потсвест го изведувала актот за нив речиси цела секунда пред да сфати свесниот ум.

2. Како сè функционира толку лесно?

Она што ги зачудува научниците е колку лесно функционира мозокот, со оглед на тоа што секоја од нашите мисли и движења се генерирани од случајни збирови на електрични импулси.

1. Што е свеста?

Ова е веројатно најголемата мистерија на човековиот ум – што во мозокот го создава искуството на свеста? Научниците малку се приближиле до оваа прашање. Една група дури пронашла “вклучи / исклучи” прекинувач во мозокот што, кога се стимулира, предизвикува пациентот целосно да ја изгуби свеста, но го враќа во моментот кога стимулацијата престанува. Сепак, тоа само по себе не објаснува што е тоа свест.

Сподели на Facebook
пати видено