Одморите се долгоочекуваниот период за патување и забава што треба да остави само топли спомени и светли впечатоци. Меѓутоа, во некои земји, нејасни правила и чудни ограничувања можат да ги стават неинформираните туристи во судир со законот.

8. Амстердам, Холандија

Улицата на црвените фенери во Амстердам е позната по своите бордели, живописни канали и кафулиња. Во овој дел од градот, локалните сопственици мразат кога туристите ги фотографираат проститутките кои позираат во излозите. Ако се впуштате во ова место носејќи камера, во најдобар случај, некој би можел да Ви ја земе. Во најлош случај, ризикувате да бидете претепани.

7. Јужна Кореја

Во оваа земја е забрането да се фотографираат жени без нивна согласност – дури и на јавни места. Занемарувањето на ова правило се смета за чин на сексуална агресија и е казниво со парична казна од 8.800 долари и до пет години затвор.

6. САД

Во САД е забрането да фотографирате приватен имот. Не мора да значи дека секогаш ќе западнете во неволја, но доколку сопственикот побара има право да Ве тужи.

5. Обединети Арапски Емирати

Во Обединетите Арапски Емирати, фотографирањето на забранети места може да резултира со затвор од 1 до 3 месеци и парична казна од 1361 долари. На многу локации е забрането да се користат камери поради локалните суеверија. Исто така, не можете да фотографирате владини згради, одредени мостови и палати на шеиците. Забраната за палати е всушност запишана во законодавството на земјата.

4. Северна Кореја

Во Северна Кореја, не е дозволено да го напуштите хотелот без водич, ниту можете да фотографирате без дозвола од водичот. Ако не успеете да се придржувате, ќе се соочите со парична казна или нешто уште полошо.

3. Англија

Британците имаат тенденција да ги третираат туристите со разбирање. Можете да снимате аматерски фотографии речиси насекаде во земјата, но комерцијалната фотографија бара посебно овластување. На пример, комерцијалното снимање на плоштадот Трафалгар и плоштадот Парламент може да се врши само со дозвола на градоначалникот на Лондон.

2. Јапонија

Во Јапонија е забрането да се фотографираат одредени храмови и статуи. Некои од нив не смеат воопшто да бидат фотографирани, а некои од нив можат да се фотографираат само во одреден период од годината.

1. Алжир

Алжир е прилично конзервативен, особено во јужниот дел на земјата. Можете да фотографирате мажи само по добивање на нивната согласност. Жените можат да бидат фотографирани само со согласност на нивните сопрузи или татковци, бидејќи се сметаат за нивна сопственост. Строго е забрането фотографирање на мостови, брани и воени предмети.

Сподели на Facebook
пати видено