2017 е значајна за археологијата. Направени се нови откритија и разјаснети се оние што биле откриени пред неколку години. Сè уште има уште многу да научиме (како што секогаш ќе има), но оваа година ни помогна да сфатиме каков бил светот пред стотици и илјадници години, како и да дознаеме нешто повеќе за патот на Александар Македонски.

Најголема статуа на доцниот период некогаш пронајдена во Египет

Првично, археолозите го пронашле торзото од три тони, а потоа ја пронашле и главата. Понатамошните ископувања го откриле пиедесталот и двата прсти, а официјалните лица се уверени дека повеќето, ако не и сите, останати делови на крајот ќе се најдат на истото место. Врз основа на големината на торзото, целата статуа треба да биде околу девет метри. Она што го направило откритието особено интересно е дека, првично, експертите верувале дека статуата го претставувала Рамзес Велики, особено поради тоа што се наоѓала во близина на урнатините на неговиот храм. Сепак, последователното испитување открило гравура со натписот Неб Аа-титула што ја користел само фараонот Псамтек I од 26-тата династија. Ова го прави откритието најголема статуа на доцниот период некогаш пронајдена во Египет.

Решавање на Мистеријата на Хунли

Хунли била првата подморница во 1864 година која успеала да потоне борбен брод, но потоа исчезнала. Во 2000 година била извадена од длабочините и биле пронајдени 8 скелети од морнарите. Дури оваа година е откриено што се случило. Торпедото кое што го користела подморницата направила такој бран од притисок кој го убил или онеспособил екипажот. Ако не умреле веднаш, мажите страдале од експлозивни белодробни заболувања – состојба која би ги направила несвесни и ќе предизвикала бродот да потоне.

Долго изгубен храм на Артемида

По повеќе од 100 години пребарување, археолозите објавија дека ги пронајдоа остатоците од изгубениот антички храм посветен на Артемида. Урнатините се наоѓаат на грчкиот остров Евбеја, во близина на крајбрежниот град Амаринтос.

Повеќе историски наоди во Антикитера

Освен „првиот компјутер во светот“, Антикитера механизмот кој бил пронајден на бродот, пронајдени се и други артефакти од кои најзначајна е рака од бронзена статуа. Ова се должи на две причини. Прво, бронзените статуи се меѓу ретките артефакти од антиката. Од списите знаеме дека тие биле неверојатно популарни, но, поради вредноста на бронзата, повеќето од нив биле стопени и рециклирани. Второ, раката не одговара на веќе пронајдена статуа што значи дека целата најверојатно уште се наоѓа во потонатиот брод.

Првата жена која била Викинг воин

Уште во 1880 година биле откриени гробишта кои им припаѓале на Викинзите. Дури 1.000 гробови биле пронајдени. но еден се издвојувал од сите. Во гробот биле сместени сите почести за голем воин(меч, штит, копја секири, ножеви, па дури и коњи), закој заклучиле дека имал голем чин и бил главен стратег во војните. Оваа година остатоците биле истражени и научниците откриле дека станува збор за жена воин, а не за маж како што се верувало. 4

Работници во метро откриле римски аквадукт

Тие откриле дел од еден од најстарите аквадукти во римската историја. Делот е долг 32 метри и висок два метри, а се наоѓа на 18 метри под плоштадот Piazza Celimontana. Според археологот Симона Морета, аквадуктот е стар околу 2.300 години и најверојатно е дел од Аква Апија, најстариот познат римски аквадукт, изграден во 312 п.н.е.

Научниците го посочиле најстарото затемнување евидентирано во историјата

Според истражувачите на Универзитетот во Кембриџ, најстарото познато затемнување на Сонцето било забележано на 30 октомври, 1207 п.н.е. Тие дошле до овој датум со споредување на древните египетски и библиски текстови и развиле нов код за да ги пресметаат датумите на затемнувањето земајќи ги предвид варијациите како што е ротацијата на планетата со текот на времето.

Изгубен град основан од страна на Александар Македонски е откриен во Ирак

Градот Калатга Дарбанд прв пат бил откриен со користење на сега декласифицирани сателитски шпионски фотографии направени од страна на американската војска во 1960-тите и објавени во 1996 година. Денешните студии дополнително го откриваат потеклото на градот. Се верува дека Калатга Дарбанд бил основан во 331 година пред нашата ера, за време на освојувањата на Александар Македонски и го населиле 3.000 негови воени ветерани.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено