Пред 750 години еден јапонски свештеник се вратил од посета на Кина и се населил во малиот крајбрежен град Јуаса во Јапонија. Тој со него донел неколку нови вештини кои ги научил од Кина, вклучувајќи го и процесот за правење мисо (тестенини од соја). Течноста, која била спореден производ при процесот на правење тестенини паметните Јапонци успеале да најдат начин да не ја фрлаат туку од неа почнале да прават сос, кој денес го знаеме како соја-сос. Рецептот долги години се чувал во тајност, а во гратчето и ден денес соја-сосот се прави по оригиналниот рецепт.

(Видеото е на англиски, но може да си вклучите превод на CC, десно долу, а потоа и автоматски превод на македонски на запченикот.)

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено