Влијанието на дигиталните и вселенските технологии во нашиот живот се чини дека е огромно, но замислете како ќе го променат пазарот на труд за неколку децении. Еве кои професии би можеле да се појават во иднината, a една од нив веќе „постои“ на Балканот.

7. Мајстор со 3Д печатач

Не, тоа не е човек кој доаѓа да го поправи Вашиот печатач. Туку тоа е момчето кое ќе дојде и ќе Ви ја испечати цевката која што протекувала. Или нова куќа. Или нов личен робот. Звучи како волшебник, но тоа е само момче. Со 3D печатач.

6. Архитект за ѓубре

Еден ден ќе има толку многу ѓубре на Земјата што ќе мора да најдеме нов начин на справување со него. Постојат концепти за пловечки градови изградени од алги и отпад, каде што ќе можат да живеат до 20.000 луѓе. Тоа е убав пример за тоа што ќе прават архитекти за ѓубре.

5. Вселенски туристички водич

Без разлика дали ќе се работи за 30-минутно возење во вселената или 2 години на Марс сепак ќе ни биде потребен туристички водич.

4. Дигитален менаџер за смрт

Ако мислите дека ова нема смисла, тогаш почекајте уште 20-30 години. Луѓето ќе трошат толку многу време на интернет што ќе им треба некој да се грижи за сите нивни социјални медиуми, банка и медицински сметки. Дали профилот на Фејсбук ќе биде избришан откако некој ќе умре или ќе биде замрзнат? И сликите складирани во облакот – треба да бидат избришани или откриени на најблиското семејство? И лозинки? Сите овие прашања може да се дискутираат со приватен дигитален менаџер за смрт.

Очигледно на Балканот веќе постои… 🙂

3. Астероидни рудари

Истражувањата покажуваат дека астероидите содржат огромни депозити од вреден платинум, родиум и паладиум, што го прави астероидното рударство потенцијален супер-профитабилен бизнис. Можеби еден ден Вашето дете ќе стане работник во рудник во вселената.

2. Учител за љубопитност

Ако некогаш сте се нашле на Интернет без конкретна цел, скитајќи од статијата на Википедија во статија на Википедија, тогаш лесно ќе видите кои се наставниците за љубопитност. Тие се лични советници во обезбедувањето на инспирација и предизвикување љубопитност. Тие исто така ќе учат како да се истражуваат нови идеи и теми на најкорисен начин за поединецот.

1. Урбан земјоделец

Луѓето ќе ги населат земјоделски обработливите површини што ќе доведе до потреба од изнаоѓање нови видови земјоделство. Одгледување на кров, вертикално садење, секое парче површина може да се користи. Но на растенијата пак ќе им биде потребна одредена обработка и тука ќе настапат на сцена урбаните земјоделци.

Сподели на Facebook
пати видено