Питер Калмус е научник кој работи за НАСА и има уникатна перспектива за климатските промени, а во својата нова книга, „Being the Change: Live Well and Spark a Climate Revolution“, тој излегол од улогта која што ја има во НАСА и решил да зборува искрено како „обичен граѓанин“, опишувајќи го патувањето на кое се нашол додека се обидувал да се одвикне себеси и неговото семејство од фосилните горива и да одржува нормален живот во Лос Анџелес. Еве што препорачува тој:

1. Електрична енергија

Дали внимателно ги разгледавте вашите енергетски опции? Во зависност од вашата специфична ситуација, соларната енергија ќе Ви заштеди пари. Ако не користите многу електрична енергија, може да има повеќе смисла да платите малку повеќе за 100% обновлива енергија, која подоцна ќе се исплати и за Вас и за околината.

2. Летајте помалку

Пред да почнам да го намалувам моето загадување, авионите претставуваа најголем извор на емисии според мене. Ако летате повеќе од 30.000 километри годишно, има добри шанси тоа важи и за вас. Дали некои од вашите патувања би можеле да бидат заменети со повици на Скајп или друга алтернатива.

3. Заборавете го автомобилот, возете велосипед

Автомобилите се едни од најголемите загадувачи. Обидете се да го замените автомобилот со велосипед, или пак доколку се работи за подолг пат подобро купете електричен автомобил.

4. Намалете ги јаглехидратите во Вашата исхрана

Храната беше мој втор по големина извор на емисии, па решив конечно да станам вегетаријанец. Јас, исто така, го претворив дворот во мини фарма, со овошни дрвја, зеленчук и кокошки. Сакам да бидам повеќе поврзан со моите извори на храна.

5. Гасете ги светлата

колку често ги оставате светлата да горат цела вечер без некоја посебна причина? Доколку го намалите користењето на светла ќе се намали и Вашата сметка за струја, а ќе и помогнете на планетата.

6. Треба да знаете каков отпечаток оставате

Најпрвин треба да бидете свесни на кој начин и како и штетите на околината. Секоја ситуација е различна и треба добро да пресметате пред да одлучите кои се чекори ќе ги преземете.

7. Бидете креативни

Откако ќе ги најдете вашите извори на емисии, време е да размислите за креативни начини за нивно намалување. Кога работите со добри решенија, не ги чувајте за себе. Споделете ги Вашите промени со соседите, пријателите и јавноста. Сите сме заедно во ова.

Сподели на Facebook
пати видено