Мистериите ја будат нашата љубопитност се додека не бидат решени. Иако натприродните причини или теориите на заговор се позабавни, некои мистерии имаат едноставни и банални објаснувања. Но постојат случаи кои остануваат нерешени, можеби засекогаш, и тие се најинтригантни.

Убиството на Јулија Валас

Јулија Валас била домаќинка од Британија. На 19-ти јануари 1931, нејзиниот сопруг Вилијам заминал на редовна партија шах. Кога се вратил дома му кажале дека човек по име Куалтруг му оставил порака, да оди на одредена адреса. На Вилијам не му било познато името, но тој наредниот ден тргнал да ја бара адресата. Кога сфатил дека адресата е лажна се вратил дома се шокирал кога го здогледал крвавото мртво тело на неговата сопруга. Полицијата го уапсила Вилијам две недели подоцна, убедени дека тој самиот си оставил лажна порака. Вилијам бил осуден на смрт, но по поднесена жалба бил ослободен, а убиството на неговата сопруга останало нерешено.

Големиот сив човек од Бен МекДуи

Големиот сив човек од Бен МекДуи е Шкотска верзија на Бигфут и Јети. Чудовиштето станало повеќе од легенда кога наводно професорот Норман Коли го видел во 1889. Исто така други луѓе тврделе дека го виделе чудовиштето, еден од нив бил и пилотот Питер Денсхам, член на тимот за спасување, како и планинарот Александар Тевион, кој и пукал во него но не го погодил.

Хесдален светлата

Овој феномен бил виден уште во 1811 година во долината Хесдален, Норвешка. Во 1980-тите години околу 20 луѓе неделно пријавувале дека виделе како бели или жолти светла лебдат над долината. Оттогаш бројката на сведоци на овој феномен се намалува на околу 10 до 20 на годишно ниво. Научниците не можат да дадат сигурно објаснување, иако имало повеќе обиди.

Големата мистерија на Амхерст

Во втората половина на 19-тиот век, во еден мал град наречен Амхерст во Нова Шкотска, една жена по име Естер Кокс била нападната од сила за која таа тврдела дека биле политергеисти. Каде и да одела Естер, без разлика во која куќа ќе се пресели силите ја прателе ја повредувале, фрлале предмети по куќата и слично. Валтер Хабел кој бил актер и писател заинтеренсиран за паранормалното почнал да живее со Естер за да види што се случува, тој бил сведок на нападите од невидливите сили и напишал книга за тоа. Некои луѓе тврдат дека се работи за измама од страна на Естер, но голем дел и верувале на нејзината приказна.

Рудникот на Саблет

Планините на Гвадалупе, кои се наоѓаат во Западен Тексас се верува дека се најбогатите планини со злато. Бен Саблет, стар рудар кој живеел во текот на 19-тиот тврдел дека пронашол „злато во ридовите“ но никој не му верувал затоа што бил лажго и пијаница. По неколку дена во локалната таверна донел неколку грутки злато за да ги почасти. Тој не сакал да каже каде се наоѓа рудникот, ниту на неговиот син. Научниците денес не веруваат дека имало злато на планината, но никој не знае каде Бен го пронашол златото.

Црниот мавзолеј

Црниот мавзолеј е место каде што почива Сер Џорџ Макензи, адвокат и советник на Чарлс Втори, одговорен за прогонство на група презвитеријанци. Бидејќи тој бил причина за стотици смртни случаи додека биле затворани, Макензи добил прекар „Крвававиот Макензи“. Од 1999 година луѓе кои ги псоетувале гробиштата забележувале сеништа и добивале видливи модринки и изгореници. Имало скоро 450 сведоци од кои 100 биле пронајдени онесвестени на гробиштата.

Убиството на Ангела Раубал

Ангела Раубал, внуката на Адолф Хитлер и наводно неговата љубовница се самоубила со неговиот пиштол во 1931 година. По појната се појавиле сведоци кои тврделе дека Ангела и Адолф се карале ноќта пред таа да се самоубие поради тоа што Ангела сакала да оди во Виена и да се омажи за друг маж. Противниците на Хитлер тврделе дека Ангела одлично манипулирала со Хитлер и поради тоа секогаш била заедно со него. Новинарот кој што го истражувал случајот и собрал докази за него бил уапсен и убиен.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено