Кина е најстарата цивилизација со континуитет, така што воопшто не е за чудење тоа што некои кинески рецепти влегле во историјата. Некаде околу 300 г.пр.н.е. Кинезите станале вистински мајстори за тестенини, па така јадења слични на шпагети и пица веќе кружеле низ Азија. Во следниов прилог ви претставуваме некои современи прехранбени производи коишто влечат корени од кинеските јадења.

Кечап

01

Обожуваниот зачин со кој го посипувате вашиот помфрит е со потекло од – Кина. На фуџијанскиот говор зборот кечап значи сос од риба. Бил откриен од страна на француските и британските патници во 17. век, а во Европа почнал да се употребува во 18. век. Во еден рецепт од 1817 година за „томата кацуп“ се уште се употребувале сардини, а во деведесеттите на деветнаесеттиот век веќе била создадена верзијата која ја знаеме и сакаме денес.

Шпагети

02

И Италијаните и Кинезите полагаат право врз создавањето на тестенините, но најстарото нивно спомнување датира во 3. век н.е. во Кина. Се смета дека популарната „паста“ во Италија ја донел Марко Поло, но тоа се отфрла од повеќе извори.

Фонди

03

Говедското фонди можеби е француски деликатес, но концептот на варење/топење на храната на самата маса за јадење е дел од кинеската култура повеќе од 1000 години, при што се претпоставува дека таа практика настанала во Монголија, а подоцна се проширила низ Кина – многу пред да ја прифатат Французите.

Пица

04

Иако концептот на пицата со сигурност е со италијанско потекло, замислата за додатоци врз тесто се дел од кинеската кујна со векови. Кај народот Туџиа (малцинство во Кина) има традиционално јадење коешто најмногу наликува на современата италијанска верзија.

Крофни

05

Пред да се појават крофните, имало јутиао, традиционален кинески појадок. Во суштина тоа е пржено тесто увртено во вид на плетенка, но без шеќер. Вообичаено се јаде со млеко од соја или овесна каша и потекнува од времето на династијата Сонг.

Сладолед

06

При сѐ што млечните производи не се толку многу застапени во кинеската исхрана, ледот од секогаш се употребувал како десерт. Околу 3000 г. пр.н.е. Кинезите започнале да го засладуваат со овошје и разни екстракти. Дури и денес, по пазарите низ Азија сѐ уште можат да се најдат парчиња лед како средство за освежување.

Палачинки

07

Во северна Кина секојдневно на улиците можете да си купите палачинки за појадок, наречени џиан бинг, и нивните зачетоци се датираат пред 2000 години, кога управникот на провинцијата Шандонг бил исправен пред предизвикот да нахрани цела армија во услови на недостаток на храна. На готвачите им наредил да измешаат вода со брашно и да го развлечат и испечат тестото во тава. Така се родиле првите палачинки.

Сподели на Facebook
пати видено