До пред неколку години беше лесно да се определи кој мејл е лажен и ги игнориравме несаканите пораки од принцовите во далечните земји. Сега разликата помеѓу измама и легитимен он-лајн бизнис е многу мала.

1. Лажен мејл од социјалните мрежи

Како функционира: Оваа фишинг шема (од ловење риби, се однесува на ловење лични податоци) вклучува добивање на лажен мејл кој наводно е од социјална мрежа, поврзано со Вашиот профил. Во мејлот најчесто пишува дека сте добиле некоја итна порака или дека некој се обидува да се вклучи на Вашиот профил и дека треба да се пријавите за да ги верификувате информациите. Доколку кликнете на линкот во е-поштата ќе бидете упатени на лажен веб-сајт. Ако се пријавите на таа страница, тогаш измамниците веќе ви го имаат пасвордот а со тоа и пристап до Вашите податоци и можат и да Ве уценуваат.

Како да го избегнувате: Ако имате известувања што треба да ги видите на Вашата социјална мрежа, посетете ја таа страница директно со впишување на веб-адресата во лентата за адреси или отворање на апликацијата на вашиот телефон. Не кликнувајте на линковите кои се испраќаат до Вас.

2. Неочекуваното прикачување

Како функционира: Измамниците пристапуваат до мејловите на соработниците и пријателите и Ви праќаат лажни пораки. Најчесто прикачуваат датотека или линк до некоја страна и бараат да ги преземете. Ако ги преземете тие шират деструктивен малициозен софтвер на Вашиот компјутер.

Како да го избегнувате: Ако добиете некоја неочекувана датотека или линк најдобро контактирајтеја таа личност преку друг канал за да видите за што се работи.

3. Неочекуваната понуда за пријателство

Како функционира: Измамникот прави лажен профил на некој од Вашите пријатели и Ве додава. Кога ќе ја прифатите понудата тој ќе има пристап до Вашите лични податоци кои може да ги злоупотреби. Тие исто така можат да испраќаат и малициозни линкови.

Како да го избегнувате: Не станувајте пријатели на социјалните мрежи со непознати, или пак доколку профилот е на пријател контактирајте го и прашајте дали има втор профил.

4. Бесплатен интернет

Како функционира: Криминалецот поставува Wi-Fi со отворен пристап во кафуле или аеродром што е поврзан со неговиот или нејзиниот лаптоп. Откако ќе се приклучите, ова лице има пристап до Вашиот компјутер и бара финансиски и лични податоци.

Како да го избегнувате: Во поставките на вашиот компјутер и телефон, проверете дали уредот автоматски се приклучува на отворени Wi-Fi мрежи. Доколку сте во пријатен простор прашајте ги вработените кој е нивниот Wi-Fi или пак инвестирајте во Ваш хот спот со лозинка.

5. Pop-up прозорец

Како функционира: Случајно ќе Ви излезе Pop-up прозорец кој Ви вели дека Вашиот компјутер е полн со вируси и Ви нуди можност да ги исчистите и скенирате компјутерот. Кога ќе го преземете овој програм измамниците ќе имаат пристап до сите информации на компјутерот.

Како да го избегнувате: Не кликнувајте на Pop-up прозорец и инсталирајте си доверлива антивирусна програма и pop-up блокатори на пребарувачот.

6. „Премногу добар за да биде вистински“ профил

Како функционира: Измамник прави лажен профил со фотографии од вистинска личност и откако ќе почне разговор со Вас бара мала финансиска помош за плаќање на сметки или мал долг. Доколку ги уплатите парите никогаш повеќе нема да слушнете за оваа личност или ќе продолжи да бара повеќе.

Како да го избегнете тоа: Ако некој постојано одбива да се запознае со Вас лично наверојатно тој или таа не е вистинска личност и само се заинтеренсирани за Вашиот паричник.

7. Хуманитарна помош

Како функционира: Измамникот прави страница за финансирање на некоја личност која што во тој момент кружи по медиумите или пак за некој настан/природна катастрофа и на таа страница поставува сметка на која што можете да донирате пари. Доколку уплатите на оваа сметка измамникот ќе има пристап до сметката и ќе може да Ви ги земе парите.

Како да го избегнувате: Не кликнувајте на линковите што ги добивате преку е-пошта или оние со сомнителни веб-адреси поврзани со социјалните медиуми. За да донирате на некој што има потреба, побарајте ја добротворната организација и одете директно на официјалниот сајт.

Сподели на Facebook
пати видено