Луѓе како Нерон или Калигула се првите кои ни доаѓаат на ум кога замислуваме деспотски или директно кажано луди римски императори. Но тие не се единствените, за жал историјата „крие“ уште вакви слични или полоши владетели, чии што постапки ќе Ве изненадат.

1. Елагабал

Кога седнал на тронот, оваа 14-годишно момче не било свесно за своите кексуални преференции. Тој набрзо сфатил дека титулата ќе му овозможи да се впушти во секакви перверзии кои ќе му дојдат на ум. Тој често спиел со различни непознати, како жени, така и мажи кои ги наоѓал откако се маскирал како проститутка и кружел по борделите. Се смета дека се разведувал од 5 жени и двајца мажи. Некои историчари веруваат дека Елагабал бил транссексуалец.

2. Комод

Благодарение на филмот „Гладијатор“, името на Комод и неговата репутација на вечниот римски негативец ќе се чуваат со текот на годините. Сепак, можеме да кажеме дека вистинскиот Комод бил многу полош од оној во филмот. Како Елагабал, Комод не се срамел да се впушти на најскриените желби, кои сепак биле многу крвави. Комод верувал дека е како Херкул и сакал да ги демонстрира боречките способности. Тој често се борел со егзотични животни, но … од безбедноста на висока кула, се разбира. Покрај тоа, тој напаѓал повредени војници кои имале хендикеп или ампутирани екстремитети. Како што се очекувало, Комод секогаш победувал и дури почнал да зема такса за оние кои сакале да го имаат тоа „задоволството“ да го гледаат во акција.

3. Ибрахим I

Во интерес на вистината раните години на Ибрахим биле многу трауматични за него. Тој бил држен како затвореник, додека неговиот постар брат Мурат IV управувал Отоманската империја. Верувајќи дека роднините му се осудени да бидат луди, Мурад ги убил останатите браќа. На инсистирање на мајка си, сепак, го поштедил животот на Ибрахим. Кога Мурад починал и Ибрахим го наследил, тој си земал 100 придружнички и уживал во сладостите на животот, а го оставил советникот да управува со империјата. Тој многу трошел, и и објавил војна на Венеција без да има финансиска можност да ја оствари. Тој бил прогласен за луд и подоцна бил симнат од престолот и погубен.

4. Чарлс VI

Во почетокот Чарлс VI бил компетентен и сакан владетел, поради што си го заработил прекарот Чарлс Саканиот. На крајот на владеењето сепак, прекарот му се менува во Чарлс Лудиот. Неговите карактеристики почнале да се менуват кога имал 20-тина години, но се влошувале со текот на времето. Тој страдал од ментална болест и имал напади на амнезија, често ја заборавал сопругата, децата и дури својот сопствен идентитет. Чарлс станал параноичен и одбивал да се искапе и да ја смени облеката со месеци.

5. Хуана I Кастилјска

Хуана I Кастилјска била кралица на Кастилја и сопруга на Филип I. Кога нејзиниот сопруг починал таа толку го сакала што дури и по неговата смрт одела во гробницата за да го бакнува неговото тело. Кога нејзиниот син седнал на тронот ја пратил Хуана во манастир, а таа убедено верувала дека калуѓерките се обидуваат да ја убијат.

6. Ерик XIV

Ерик XIV – Кралот на Шведска, бил сметан за искусен и паметен владетел. Но сето тоа се променило откако почнал да страда од силна параноја. Првично тој го заповедал апсењето на својот брат, кого го осудил за предавство. Подоцна тој почнал да се сомнева во целата фамилија Стерн за предавство и тоа целосно неразумно. Ерик го осудувал секој од членовите на фамилијата на смрт и убил еден од нив лично. По сето ова Ерик избегал во шумата и бил откриен по неколку дена во едно село, облечен не како благородник, туку како селанец. Ерик ги поминал последните години во затвор пред да биде отруен.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено