Штом луѓето секогаш посакуваат повеќе среќа, значи дека работите уште не се завршени. Има луѓе на кои никогаш не им оди, но и такви кои се неверојатни среќници. Тие не се под влијание на суеверија како скршено огледало и црни мачки. Еве ги приказните на неколку такви среќници кои имале неверојатна среќа.

Цутому Јамагучи

Јапонецот Цутому Јамагучи , поранешен вработен во Мицубиши, често патувал на работа. Тој бил на службено патување во Хирошима во 1945 година, токму кога беше пуштена атомската бомба. Цутому бил повреден, но преживеал. Се вратил во својот дом во Нагасаки во моментот кога била пуштена и втората бомба. Тој преживеал и живеел до својата 93 година, посветувајќи го животот на каузата против атомското оружје.

Мартен де Јонг

Летечкиот Холанѓанец, кој имал среќа да не лета и така ја избегнал смртта два пати е Мартен де Јонг. Тој е велосипедист. Јонг направил резервација за лет MH17. За своја среќа успеал да најде поевтин билет, но неговата среќа не била само во тоа туку избегнал да оди со летот MH17, кој бил соборен над Украина. Подоцна во 2014 година се случила истата ситуација. Тој повторно си нашол поевтин билет и го сменил за летот MH370 кој се изгубил над Индискиот Океан. Па, кој вели дека поевтино е полошо? Летечкиот Холанѓанец ја разби оваа теорија.

Џулијан Коеке

На 17-годишна возраст, Џулијан Коеке патувала со авион над Бразил. Авионот бил погоден од молња и се распаднал во воздухот. Освен Џулијан, сите останати загинале. Девојчето преживеало пад од скоро 3 километри. Имала повреди и скршени коски, но успеала да преживее уште три дена во џунглата и да се спаси.

Фране Селак

Фране го нарекуваат „најголемиот среќник во универзумот“, затоа што успеал да и избега на смртта не еднаш туку седум пати. Тој е професор по музичко во Хрватска. Прво тој преживува несреќа со воз. За време на неговото патување, возот паднал во езеро. Тој успеал да преживее во сообраќајна несреќа, а потоа и во авионска несреќа. Сите други 19 патници загинале, а тој паднал врз куп сено. Фране Селак претрпел уште неколку сообраќајни несреќи, но повторно и повторно останувал неповреден. Еднаш дури, тој сам се повредил со пиштол, ненамерно. И по целиот овој бурен живот, исполнет со несреќни случаи, на 73 годишна возраст освоил џекпот од локалната лотарија.

Оси Бил Морган

Австралиецот Оси буквално се вратил од мртвите. Додека патувал со автомобил удрил во камион. Лекарите го прогласиле за мртов, но 14 минути подоцна тој оживеал и бил однесен во болница. Оси бил во кома и никој не очекувал да се разбуди. По 12 дена лекарите барале од семејството да го исклучат Оси од апаратите. Но, Оси се разбудил од комата. Кога се опоравил целосно решил да си купи лото ливче на кое што добил автомобил. Но, тоа не е се! (како што велат на рекламите) Додека гостувал во една емисија на камерата било забележано дека на лото ливчето заборавил да избрише еден ред и кога го сторил тоа откриле дека всушност добил 250.000 долари.

Џоан Џинтер

Кога зборуваме за профит Џоан е прва во тоа. Таа или има неверојатна среќа или гледа во иднината, затоа што заработува цели 4 пати седум цифрен суми. Шансата да се случи тоа е многу помала од ризикот да бидете погодени од астероид. Но, Џоан очигледно не го знае тоа затоа што ја срушила теоријата на веројатност. Таа првин освоила 5,4 милиони долари, потоа 2 милиони долари и уште 3 милиони долари. Во 2008 година ја оставила својата најголема добивка, од 10 милиони долари.

Сподели на Facebook
пати видено