Многу луѓе во светот веруваат дека со допирање на одреден објект ќе се случи некоја промена во животот. Затоа постојат многу ритуали и места кои станале познати туристички дестинации токму од таа причина. Но, одредени статуи туристите сакаат да ги „пипкаат“ на невообичаени места, од причини поврзани со суеверието.

6. Виктор Ноар, Париз

Новинарот Виктор Ноар бил убиен во дуел од Пјер Бонапарта, правнукот на императорот Наполеон. На неговиот гроб има статуа направена од самиот покојник, но случајно или не уметникот направил „испакнатина“ во панталоните. никој не знае како почнало тврдењето дека со допирање на статуата жените ќе се излечат од неполодност, но гробот станал многу популарна атракција за жените во светот.

5. Бик во Напад, Њујорк

Оваа статуа тежи неверојатни 3.200 килограми. Првпат пристигна во Њујорк во декември 1989 година, како дел од божиќна изложба. Но кога сакале да го вратат луѓето се побуниле и бикот останал таму. Идејата е дека триењето на тестисите на оваа прилично голема статуа од животно носи среќа. Бидејќи ова станала доста популарна активност меѓу туристите, тој дел од телото има поинаква боја.

4. Доли Партон, Севирвил, Тенеси

Статуата од познатата пејачка Доли Партон ја прикажува како таа седи на камен и свири гитара. Иако статуата не изгледа воопшто вулгарно, луѓето сакаат да ја допират нејзината лева дојка, бидејќи сметаат дека тоа ќе им донесе среќа во љубовта.

3. Јулија, Минхен

Уште една „романтична“ причина за допирање на дојка е и статуата на Јулија од познатата љубовна приказна за Ромео и Јулија. Луѓето кои ја посетуваат статуата оставаат цвеќе во нејзините раце и ја допираат дојката. Иста ваква статуа била отстранета од Верона затоа што туристите премногу ја оштетиле од премногу допирање на овој дел од статуата.

2. Андраш Хадик, Будимпешта

Андраш Хадикимал највисок ранг во армијата во Австро-Унгарија за време на Седумгодишната војна. Во 1937 година, властите одлучиле да подигнат споменик во негова чест. Статуата на Андраш кој е качен на коњ треба да симболизира храброст во битка. Но, како и кај бикот туристите заклучиле дека допирањето на тестисите на коњот ќе им донесе среќа. Најчесто тоа го прават студентите, а властите издале етички кодекс за заштита на спомениците. Во нивните очи, ова однесување е непочитување на нивната култура.

1. Хаисингданг Парк, Јужна Кореја

Последната дестинација е парк полн со статуи на машки гениталии. Тука за разлика од претходните е сосема дозволено да ги „милувате“ статуите. Паркот потекнува од стара легенда. Според неа во минатото во селото си живеела млада девојка која била девица и наскоро требала да се омажи, но се удавила во морето. Потоа рибарите не можеле да ловат риба во морето. Тие сметале дека девојката го проколнала морето.

Еден ден еден од рибарите уринирал во морето и рибите се вратиле. Затоа мажите сметале дека така ќе ја добијат наклонетоста на девојката која го проколнала морето и поставиле статуи од машки гениталии. Сега туристите можат да седат на статуите(затоа што некои од нив се клупи), можат да ги допираат, да се фотографираат и слично. Повеќето статуи се направени од дрво и камен а некои имаат и лице.

Сподели на Facebook
пати видено