Простувањето не е секогаш лесна работа. Сите велат дека е човечки да се прости, но понекогаш кога болката и тагата се поголеми, прошката ни изгледа невозможна. Сепак овие луѓе и покрај големите трагедии успеале да им простат на виновниците.

1. Убиецот од Грин Ривер

Гери Ридгвеј е познатиот убиец од Грин Ривер. Во 2003 година тој е обвинет за убиство на Ребека Мареро, неговата 49-та жртва. На судењето биле присутни и семејствата на жртвите, на кои им била дадена можност да зборуваат со Ригвеј. Разбирливо многу од луѓето биле повредени и со лутина ја раскажале тагата која им ја предизвикал Гери. Но Роберт Рул, таткото на убиената Џејн Рул излегол пред убиецот и рекол: „Господине Ригвеј, многу луѓе во оваа сала Ве мразат. Јас не сум еден од нив. Ви било тешко да верувате во работите во кои јас верувам, а тоа е дека треба да живееме според она што ни го кажува Бог, но Вашата грешка треба да се прости. Ви простувам господине.“ Овие зборови го расплакале Ригвеј.

2. Патриша Мејчин

Во 2011 година сопругот на Патриша излегол за да си купи утрински весник. Џерард го правел ова секое утро, но овој пат не се вратил дома. Патриша почувствувала дека се случило нешто и кога погледнала низ прозорецот видела крв и возило на брза помош. Нејзиниот сопруг бил прегазен од автомобил. Возачот Брајан Вилијамс бил многу потресен од тоа што се случило. Патриша сепак не чувствувала гнев кон него. Таа верувала дека инцидентот не се случил намерно. Таа своето простување го опишала во писмо до Вилијамс: „Колку и да беше тешко за мене сфатив дека за Вас е 1000 пати потешко.“

3. Чарлс Робертс

На 02.10.2006 година Чарлс Робертс влегол во една гимназија, вооружен со три приштола. Во просторијата имало 26 ученика. Тој им дозволил на момчињата, на една бремена девојка и на три девојки со мали деца да заминат, но задржал 15 девојки на кои им ги врзал нозете. Кога пристигнала полицијата Робертс убил три ученици и се самоубил, а подоцна од повредите починале уште две деца. По таква трагедија болката меѓу луѓето од градчето била неопислива. Сепак, граѓаните на гратчето, вклучувајќи ги и семејствата на жртвите отишле на погребот на Чарлс и ја тешеле неговата сопруга. Тие понудиле и финансиска помош за вдовицата.

4. Рејчел Чапмен

Во 2010 година Рејчел Чепмен и нејзините пријателки се собрале за да ја прослават нејзината моминска вечер. Додека се забавувале покрај базенот, една од пријателките ја бутнала Рејчел во базенот. Рејчел удрила во ќошот од базенот и скршила два ‘рбетни пршлени. Таа сепак не паднала во депресија и една година по инцидентот се омажила за вереникот. Дали Рејчел и простила на пријателката? Одговорот е не. Како што таа самата вели: „Знам дека е тешко да се поверува, но не мораше да и простам, бидејќи никогаш не сум ја обвинила. Додека лежев на дното на базенот се грижев за неа.“

5. Стивен Мекдоналд

Во 1986 година Мекдоналд бил млад полицаец. Додека патролирале низ Централ Парк тој и неговите двајца колеги запреле за да разговараат со тројца млади за кои се сомневале дека извршиле кражба на велосипеди. За време на разговорот 15-годишниот Шавод Џонс извадил пиштол и пукал во Мекдоналд три пати. Докторите го спасиле неговиот живот, но инцидентот го оставил парализиран. За време на ужасната случка Мекдоналд и неговата сопруга Пети очекувале дете. И покрај сè, во што поминал, Мекдоналд одлучил дека осветата не е решение. Тој му простил на момчето и дури комуницирал со него додека ја отслужувал казната. Двајцата сакале да работат заедно во борбата против насилството и во поддршка на простувањето, но за жал само три дена откако Џонс бил ослободен, загинал во сообраќајна несреќа. Сепак, Мекдоналд ја продолжил мисијата сам.

6. Мерион Хеџес

Во еден њујоршки центар две момчиња одлучиле да се забавуваат и да фрлат количка од четвртиот кат на паркингот. За жал, количката паѓа врз Мерион. По инцидентот таа паѓа во кома и ослепува со едното око. И покрај сè, откако закрепнала таа не чувствува омраза кон нив. „Не сум се слушнала со нив, но им посакувам сè најдобро. Го правам тоа бидејќи ми е жал за нив.“, изјавила Мерион.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено