55-годишен нафтен тајкун ѝ купил на својата тинејџерка жена манекенка луксузен автомобил Бентли како подарок за изненадување. Валентин Романов, директор на сингапурската канцеларија на руската нафтена компанија Лукоил, се оженил со 18-годишната Елизавета Адаменко во јуни на француската ривиера.

Заносната тинејџерка, која претпочита да ја викаат Лиза, е сликана како носи бели очила и ги покажува своите долги нозе потпрена на луксузниот бел автомобил Bentley Continental GT V8. Автомобилот вреди 10 милиони рубљи (околу 963 800 евра), но како што се проценува, цената во Сингапур би била многу повисока поради високите такси за регистрирање на возилото.

Романсата на контроверзната двојка започнала пред нешто повеќе од три години, кога г-ца Адаменко го напуштила својот роден град Канск на Сибир. Имено, таа почнала да се забавува со него на свои четиринаесет години. Според руските закони, како и според законот во Сингапур каде што живеат тие, младите се сметаат за сексуално зрели на шеснаесет години. Но, фактот дека нивната врска можела да се смета незаконска и што Романов можел да заврши в затвор не ги разделил. Во јули оваа година се венчале во Шато Сен Жанет, познат замок и место за организирање луксузни свадби, кој се наоѓа на француската ривиера.

rs01 rs02 rs03 rs04 rs05 rs06 rs07 rs08 rs09 rs10 rs11 rs12 rs13 rs14 rs15 rs16 rs17 rs18 rs19 rs20 rs21 rs22 rs23 rs24 rs26 rs27 rs29 rs30

Сподели на Facebook
пати видено