Денес е петок 13-ти и е совршен датум за да прочитате неколку страшни урбани легенди кои што предизвикуваат страв кај луѓето со години. Урбаните легенди се пренесуваат од генерација на генерација и најверојатно ќе продолжат да кружат и во наредните години.

5. Ел Силбон

Оваа легенда од Венецуела и Колумбија зборува за суштество кое е осудено да талка по земјата носејќи вреќа со коски. Суштеството некогаш било мало момче, единец, кој бил премногу разгален од неговите родители. Еден ден барал од неговиот татко да му донесе месо од елен, а кога не успеал да го направи тоа момчето се налутило, го убило, ги извадило неговите црева и ги однело на неговата мајка да ги подготви за вечера. Мајката се посомневала во момчето и кога сфатила што направило кажала на таткото на нејзиниот сопруг да се справи со злобното дете. Дедото го камшикувал момчето и на неговите рани ставил чили пиперчиња. Потоа коските на својот син ги ставил во вреќа и му ги дал на внукот во раце пред да ги пушти кучињата да го бркаат. Кога кучињата го убиле момчето дедото ја проколнал неговата душа вечно да талка со коските по светот. Оттогаш постои верување дека момчето оди од куќа на куќа со коските и доколку никој не го забележи од домашните тогаш ќе почине некој член од семејството, а доколку го забележат тогаш ќе им донесе среќа.

4. Девојчето од Студли

Во Вирџинија, за Студли патот кружи страшна урбана легенда. Наводно пред многу години во колиба до патот живеело мало девојче со нејзините мајка и татко, кој бил алкохоличар. Една вечер во лудило таткото ја претепал сопругата и малата ќерка, а потоа се самоубил. На девојчето скршената вилица му висела од лицето и тоа не починало веднаш, туку тргнало да бара помош по Студли патот и таму искрварило и починало. Оттогаш многу возачи тврдат дека го виделе девојчето како оди по патот, а оние кои не ја знаеле легендата и застанале да му помогнат биле преплашени до смрт од глетката кога девојчето ќе се сврти кон нив.

3. Поинциана-девојка

Оваа легенда доаѓа од Австралија и станува збор за млада девојка која била силувана од јапонски рибари. Кога сфатила дека е бремена таа се обесила на дрвото поинциана. Нејзиниот дух ги прогонувал мажите од East Point, така што првин им се прикажувала како преубава девојка во бело, за да потоа се претвори во чудовиште кое ги јаде нивните органи.

2. Играчката на ѓаволот

Се верува дека во Луизијана постои колиба со една соба, наречена „играчката на ѓаволот“ и целата соба е направена со огледала. Според легендата доколку некоја личност остане малку подолго во собата ѓаволот ќе се појави и ќе му ја земе душата. Се вели дека никој не може да остане таму подолго од пет минути. Еден човек кој останал 4 минути излегол нем и никогаш повеќе не прозборел. Една жена наводно починала од срцев удар кога влегла внатре и еден тинејџер морал да биде насилно отстранет од колибата затоа што удирал и врескал, а по две недели се самоубил.

1. Теке Теке

Во легендата станува збор за млада жена која била силувана од Американски војници во Хокаидо неколку години по Втората светска војна. Жената скокнала од мост, но возот кој што поминувал долу го пресекол нејзиното тело на половина. Затоа што било многу ладно жената не искрварила веднаш туку успеала да се довлечка до другата страна од железницата каде што некој човек фрлил катран врз неа.

Урбаната легенда вели дека три дена откако ќе ја слушнете или прочитате приказната за Теке Теке духот на оваа жена ќе се појави пред вас и ќе испушта звуци „теке теке“ додека лази кон вас со нејзините раце. Се верува дека таа ги убива жртвите така што им ги зема телата од половината надоле. Единствениот начин да се избегне смртта е да се одговорат нејзините прашања. Ако праша дали ви требаат нозете, потребно е да се каже дека ви требаат веднаш, а ако праша кој ви ја кажал приказната одговорот е Кашима Реико.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено