Словачка е земја со турбулентно минато и оние кои што сакаат мистерии и легенди не треба да размислуваат многу и веднаш треба да ја посетат и да ги истражуваат прекрасните места во оваа држава. Ако уживате во приказните за духови дефинитивно ќе се вљубите во долунаведените места.

1. Ликава дворецот


Првите пишани докази за постоењето на овој дворец датираат од 12тиот век. Првичната намена му била да го штити регионот од потенцијалните непријатели, но подоцна служело како сместување за војниците и како неверојатно суров затвор. Има многу легенди за повеќе и помалку познатите затвореници. Наводно и познатиот словачки криминалец Јурај Јаношик служел казна тука. Многу од затворениците не го напуштиле оваа место и биле погубени во затворот. Одлично место за лов на духови? Посетете го оваа место на полноќ и ќе добиете можност да го запознаете обезглавениот бандит, кој бил погубен тука. Легендата вели дека го чува богатството на својот господар, поради неговата вечна лојалност.

2. Липтов дворец


Не далеку од Ликава се наоѓа дворецот кој крие страшна тајна, Липтов дворец. Овие рушевини се скоро целосно покриени со трева на висина од 999 метри и изгледа како одлично место за романтични прошетки. Само треба да внимавате на непријатното друштво кое може да ве посети кога ќе се стемни. Локалните жители се колнат дека видувале огромна свиња која се шета со златен клуч во устата. Верувале или не тоа некогаш била ќерката на сопственикот на замокот. Нејзиниот татко ја проколнал поради тоа што му го дала клучот од замокот на нивниот најголем непријател, во кој се вљубила.

3. Корлатка замокот


Ако не сакате да ловите духови пробајте со лов на богатство. Легендата вели дека во стар бунар во Корлатка замокот се крие богатство. Овој дворец е меѓу најстарите во Словачка и сменил многу сопственици. За да го најдете богатството треба вечерта на 23ти јуни, со цвет во раката да кружите и да кажувате превртена молитва, но ако погрешите ќе ве снајде голема несреќа.

4. Бојниче дворецот


Еден од најубавите, најпосетуваните и најсочувани замоци во Словачка е токму овој. Иако изгледа како од бајките тој крие хорор приказни. Една од најголемите атракции е саркофагот на познатиот сопственик Палфи. Пред неколку години црна течност почнала да излегува од местото каде што било сместено телото.

5. Чаштице дворецот


Алжбета Батхори била многу богата и моќна жена. Таа не можела да се помири со тоа дека старее. Таа убила стотици девици и се капела во нивната крв со цел да ја сочува младоста. Поради тоа во светот е позната како „Жената Дракула“. Поради нејзините дела е осудена на доживотен домашен притвор. Таа умрела во некоја од собите на дворецот на 54 години. Поради тоа што не се знае каде е погребана се верува дека нејзиното тело се соѕидано во некој од ѕидовите на замокот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено