Погребот ни дава шанса да се збогуваме од саканите и да тагуваме за нив. Најчесто починатите не можат да знаат како ќе изгледа нивниот погреб, но овие луѓе дали по сопствен избор или бизарна случајност биле сведоци на сопствените погреби.

Гилберто Араујо

Во 2012 година Хосе Маркос добил телефонски повик од полицијата да дојде и да го идентификува телото на неговиот брат Гилберто, кој бил убиен. Хосе потврдил дека тоа е Гилберто и по кратко време телото биле предадено на семејството за да го погребаат. Додека неговото семејство и пријателите го оплакувале „Гилберто“, вистинскиот Гилберто влегол во собата, многу луѓе се онесвестиле а другите се шокирале. Тој кога дознал за забуната се обидел и да им се јави од неговиот мобилен но семејството мислело дека тоа е невкусна шега. Потоа биле утврдено дека починатиот човек е Генивалдо Сантос, кој многу личел на Гилберто.

Жанг Дејанг

Жанг никогаш не бил женет, а немал ниту деца и бил загрижен за неговиот задгробен живот. Во 2016 година, тој одлучил да организира лажен погреб и ги поканил своите пријатели и семејството. Околу 40 негови најблиски присуствувале, заедно со неколку стотици љубопитни луѓе од околните села. Погребот вклучувал и лажна свадба со мртва жена бидејќи се смета за несреќа доколку се влезе во задгробниот живот без брачен другар.

Драган и Драгица Мариќ

Драган и Драгица Мариќ го организирале нивниот предвремен погреб во 2016 година. Двојката нема деца и сакале да организираат соодветен погреб за нив пред да умрат. Тие не сакале друг да плаќа за нивниот погреб. Двојката ги купила и кренала сопствените надгробни споменици, а потоа испратиле покани на нивниот погреб. Околу 200 луѓе се појавиле. Драган одржал говор за нивната љубов и се збогувале со најблиските.

Адемир Гонкалвес

Неколку роднини го идентификувале како жртва на сообраќајна несреќа во 2009 година. Телото било тешко изобличено, но неговата облека била слична на она што ја носел Гонкалвес. Неговото семејство почнало да го подготвува погребот, кој требал да се одржи следниот ден. Кога започнал погребот Адемир влетал во просторијата затоа што и тој самиот тогаш дознал за „неговата смрт“. Неколку луѓе биле толку исплашени што скокнале од прозорецот.

Ноела Рукундо

Ноела од Австралија се вратила во родниот крај Бурунди за погреб на нејзината маќеа. Кога одмарала во хотелот добила повик од сопругот на кого му кажала дека не се чувствува добро, а тој и предложил да прошета. Кога излегла надвор тројца мажи со пиштоли ја пресретнале и ја киднапирале. Ја однеле во зграда и ја врзале за столица и постојано ја прашувале зошто нејзиниот сопруг сака да ја убие. Ноела не им верувала, но поверувала кога на телефонот на еден од киднаперите го слушнала гласот на нејзиниот сопруг како вели „Убијте ја“. Потоа киднаперите и сопругот почнале да разговараат за тоа како ќе се ослободат од телото, а Ноела се онесвестила. Кога се разбудила киднаперите и кажале дека нема да ја убијат затоа што тие не убиваат жени и деца, а потоа и ја дале мемориската картичка на моја го снимиле разговорот со сопругот. Таа се вратла во Австралија, а за тоа време нејзиниот сопруг организирал погреб за неа и им кажал на сите дека загинала во несреќа. Ноела пристигнала при крајот на церемонијата а кога ја здогледал нејзиниот сопруг почнал да вреска „Жал ми е за се!“. Пред полицијата сопругот изјавил дека сакал да ја убие затоа што се сомневал дека го изневерува. Тој казна затвор од 9 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено