Една од многуте причини поради кои скептиците ги отфрлаат фантастичните приказни за натприродното и надреалното е поради луѓето кои ги раскажуваат тие приказни. Видувањата на Бигфут, киднапирање од НЛО и средби со духови се сметаат за измислица на селани, необразовани луѓе или ловци. „Размислете за изворот“ е рефрен на скептиците кога станува збор за оценување на веродостојноста на неверојатни тврдења. Но што кога изворот е личност која што е добро позната меѓу луѓето и која се смета за „веродостојна“?

Рене Декарт и три визии

Роден во 1596 година, Рене Декарт бил француски математичар, научник и филозоф, кој рекол: „Мислам, значи сум“. Додека бил во посета на Нојбург во Германија во 1619 година, Декарт изјавил дека имал три визии со светлина и гром. Тој тврдел дека бил посетен од божествениот дух и од искуството се здобил со концептите на аналитичката геометрија, целосно формирани во неговиот ум.

Чарли Чаплин и човечката жаба

Во својата автобиографија, Чаплин раскажува вознемирувачко искуство што го имал како тинејџер, додека бил на турнеја со театарска трупа. Додека престојувал во рударска куќа во Велс, неговиот домаќин му понудил да му покаже „човечка жаба“ наречена Гилберт. Чаплин го опишал Гилберт како половина човек без нозе, голема сплескана глава, болно бледо лице, вовлечен нос, голема уста и мускулести раце. Тој наводно скокал во воздухот со помош на рацете.

Кралот Џорџ V и Летечкиот Холанѓанец

Кралот Џорџ и неговиот и неговиот брат Алберт патувале со брод во близина на бреговите на Австралија. Подоцна бил пронајден дневник напишан од Џорџ во кој било напишано следното: „11-ти јули. Во 4 часот наутро, Летечкиот Холанѓанец ни го пресретна патот. Чудно црвено светло светеше од фантомскиот брод. Бродот го забележа и чуварот, службениците, како и човекот кој беше испратен да провери за што се работи. Но кога се доближил немало немало трага, ниту знак од било каков реален брод во близина или на хоризонтот. Ноќта беше јасна а морето мирно.“

Абрахам Линколн и двете лица во огледалото

Сам во својата соба, Абрахам погледнал во огледалото и видел две верзии од неговото лице од кои едната го одразувала „целосниот сјај на здравјето и надежниот живот“ а другата „бледо лице како на дух“. Кога тој повторно бил номиниран во 1864 година се присетил на случката и заклучил дека тоа значи дека сигурно „ќе ја слушне фаталната покана од тивкиот брег“ пред крајот на својот втор мандат.

Сер Едмунд Хилари и Јети

Во 1953 година, Едмунд Хилари и Тензинг Норгај станале првите луѓе кои се искачиле на врвот на Монт Еверест. Во својата книга „Висока авантура“, Хилари напишал за своето искуство на височина над 5.800 метри во Хималаите во 1952 година, една година пред неговото најисториско искачување: „Се искачувавме доста стрмно, кога Пемба [Шерпа] застана и зема нешто од карпата. Очигледно, во голема мера возбуден, тој му го покажа тоа на Анѓепена. Чувствувајќи се малку љубопитен, ги прашав за што се работи. Тие ми ставија во раката долги, црни влакна – дебели и груби, не изгледаа како обични влакна. „Јети, Сахиб! Јети!“ Не можев да не бидам импресиониран од нивното убедување и ова беше навистина чудно место за да се пронајдат влакна од било каков вид.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено