Љубовта не носи секогаш само среќа и романтични моменти, понекогаш знае да биде болна и да разочара. Овие љубовни приказни се толку трогателни што вредело да бидат запаметени и од историјата.

1. Клеопатра и Марко Антониј

Оваа љубовна приказна е толку епска што и самиот Шекспир одлучил да го опише во една од неговите трагедии. Клеопатра и Марко Антониј се среќаваат во 41 година п.н.е. Во екот на немирите во Римската империја, таа, египетската кралица го заведува силниот (и сега во брак) генерал и романтична и силна врска се раѓа меѓу нив. Подоцна, сепак, идниот император Октавијан го убедил римскиот Сенат дека Марк Антониј бил маѓепсан од Клеопатра и објавил војна против него во 31 век п.н.е. Клеопатра и Марко Антониј извршиле самоубиство за време на војната за да не бидат заробени.

2. Абелар и Елоиза

Англискиот поет Александар Поуп ја претвора нивната приказна во литературна класика, но Абелар и Елоиза всушност биле вистински, биле до лудило заљубени еден во друг и осудени на трагичен крај во средината на 12 век во Франција. Абелар е учител на девојката, 20 години постар од неа. Нивната врска многу го разгневува вујкото на девојката и тој го кастрира Абелар. Двајцата вљубени одат во манастири и си пишуват писма кои денес се многу популарни. Тие комуницираат така до нивната смрт и најверојатно никогаш не се сретнале повторно.

3. Шах Џахан и Мумтаз Махал

Да, Таџ Махал, познатата палата во Индија, всушност е последниот доказ за љубовта изградена во 17 век од Шах Џахан за неговата сакана сопруга. Мумтаз Махал или „скапоцен камен на палатата”, како што тој ја нарекувал, била третата сопруга, но тој ја обожавал и бил повеќе од уништен кога таа починала при породување со нивното дете и затоа веднаш ја почнал изградбата на Таџ Махал. Потребни му биле 23 години, за да го заврши, а во 1666 самиот Шах Џахан е погребан на истото место.

4. Инес де Кастро и Петар I

Инес де Кастро била дворјанка на принцезата Констанца од Кастиља, но брзо успеала да го „украде“ срцето на принцот Петар I, наследник на португалскиот престол. Кога Констанца починала во 1349 година, Петар се обидел да ја прогласи Инес за неговата легитимна кралица (тие веќе имале 3 деца), но неговиот татко се вмешал и го избркал својот сакан син. На крајот, тој одлучил дека таа мора да биде убиена. По смртта на неговиот татко, Петар го ексхумирал телото на Инес, нејзиното тело било крунисано и ставено на престолот, а народот бил принуден да вети верност кон нивната кралица.

5. Ендру Џексон и Рејчел Донелсон

Една од најкоментираните први дами, Рејчел Доленсон, била сопругата на Луис Робертс од Кентаки пред да се омажи со Ендрју Џексон во 1791 година. Таа верувала дека разводот со Робертс бил финализиран, но всушност тој не ги доставил своите документи до 1793 година. Затоа што во тоа време разводот бил сметан за скандал и бил силно критикуван, противниците на Џексон го користеле минатото на Рејчел против него, нарекувајќи ја жена без никаков морал. Стресот од случката ја влошува болеста на Рејчел и не успева да го види Џексон како претседател и умира од срцев удар два месеци пред да ја преземе функцијата.

Сподели на Facebook
пати видено