Веројатно сте слушнале за „Дарвинова награда“ кои се доделуваат на луѓе кои ги загубиле животите поради сопствената глупост. Ова дефинитивно е награда што никој не сака да ја добие. Сепак, постојат уште вакви слични награди. Ви претставуваме 5 непожелни награди.

Наградата “Bookseller / Diagram Prize”- за најчудниот наслов на книга

Во 2013 година, оваа награда му беше доделена на Реџиналд Бакели за неговата книга „Goblinproofing One’s Chicken Coop: And Other Practical Advice in Our Campaign Against Fairy Kingdom”, што во слободен превод би значело „Заштита од Гоблини на кокошарникот: И други практични совети во нашата кампања против Самовилското кралство“. Меѓу учесниците се нашле и книги со наслови: „Божјата лавра: животот и времето на пенисот“ на Том Хикман и „Како чајните топлинки го променија светот“ од Лоуни Преар.

Наградата „Стела“

Во 1992 година, имало случај на жена која го тужела Мекдоналдс, бидејќи не ја предупредиле дека нејзиното кафе е жешко. Оваа награда, која се доделува за „несовесни судски постапки“, била именувана по неа. Еве еден пример: 57-годишниот Рој Петерсон Џуниор од Вашингтон поднесол тужба против производителите на машина за сушење на алишта, бидејќи му уништени пар панталони. Тој сака да му исплатат 65.462.500 долари за загубата. Токму така – над 65 милиони долари за панталони! Петерсон се претставувал себеси во судот, плачел за неговите панталони и тврдел дека немало поголем случај од неговиот.

Натпреварувањето “Bulwer-Lytton Fiction Contest”

Ова не е само награда, туку трка за најлошата прва реченица во романот. Победник во 2012 година е Кети Брајан од Манчестер, која пишува: „Додека тој и кажуваше дека ја сака таа гледаше во неговите очи зачудено, затоа што забележи дека тој има демодекоза, а малите демодекси побрзаа кон корените да јадат секреција на лојните жлезди, додека секоја од женките снесува по 25 јајца во секој корен, предизвикувајќи воспаление … и ако очите се всушност прозорци на душата, неговата душа требаше да се израсне.“

Наградата “Food in Mouth”

Сигурни сме дека веднаш би се сетиле за некого, кого би го номинирале за оваа награда. Таа се доделува на јавни личности кои направиле исклучително збунувачки коментар. Дури и поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, ја заработил за својот говор, велејќи: „Верувам во Америка, каде што милиони Американци веруваат дека Америка е она што веруваат милиони Американци. Ја сакам оваа Америка “.

Награди „Златна Малина“

Од 1980 година актерите ја добиваат наградата „Златна Малина“. За разлика од Оскарите, Златната Малина се добива за најлош перформанс. Во 2013 година „Самрак: Зора“ – дел 2 победи во категориите: Најлоша режија, најлошата главна женска улога, најлоша споредна машка улога, најлошата филмска двојка, најлошиот дел од серијата филмови и најлош дизајн на костимите.

Сподели на Facebook
пати видено