Многу луѓе прават чудни работи во сонот. За жал понекогаш сонот може да се реализира и во реалниот свет. Месечарството може да биде опасно не само за личностите кои го прават тоа туку и за луѓето околу нив. Овие луѓе немаат контрола за тоа што прават и дури кога ќе се разбудат сфаќаат какви се ужасни дела извршиле.

5. Симон Фрејзер

Симон Фрејзер спиел во спалната со неговата сопруга кога забележал дека див ѕвер скокнал во колевката на нивниот мал син. Симон веднаш станал од креветот, го фатил ѕверот и почнал да го удира од ѕидот. Фрејзер го разбудило врескањето на неговата сопруга, тогаш тој сфатил дека го убил неговиот 18-месечен син така што ја удирал неговата глава од ѕидот. Тој бил обвинет за убиство, но откако лекарите направиле детални испитувања бил пуштен на слобода. Сепак добил наредба од судот да спие во заклучена соба со цел да не наштети на некој.

4. Џоан Кигер

15-годишната Џоан Кигер спиела кога слушнала истрели во нејзиниот дом. Таа земала еден револвер кој припаѓал на нејзиниот татко и тргнала да го спречи напаѓачот. Џоан пукала во темните фигури кои исто така пукале во неа. Девојчето се разбудило од врескањето на нејзината мајка која била застрелана во колкот. Џоан исто така ги застрелала и убила нејзиниот 6-годишен брат и нејзиниот татко. На судот било докажано дека Џоан постојано имала кошмари во која сонувала дека некој ја напаѓа и девојчето било прогласено за невино.

3. Даниел Гудино

13-годишниот Даниел Гудино многу се плашел од духови и велел дека од нив не може мирно да спие. Една вечер кога ги видел духовите ја земал пушката на неговиот татко и трипати ги застрелал. Потоа влегол во кујната каде што го разбудило врескањето на неговата мајка која се обидувала да му ги одземе ножиците од неговите раце. Кога се разбудил Даниел сфатил дека го убил неговиот 9-годишен брат Улусес. Иако било докажано дека за време на злосторството Даниел месечарел тој поминал 5 години во поправен дом.

2. Кенет Паркс

Кога Кенет се разбудил пред него било крвавото лице на мајката на неговата сопруга. Тој веднаш отишол во полиција за да пријави дека убил луѓе. Кенет кој често месечарел овој пат станал од неговиот кревет, облекол капут, влегол во автомобилот и возел 24 километри, каде што ја избодел со нож мајката на неговата сопруга и таткото на сопругата, кој успеал да преживее. Кенет поминал неколку години во затвор додека со детални анализи не се докажало дека тој вусшност го стгорил сето тоа во несвесна состојба. Тогаш обвинението било отфрлено а Кенет бил пуштен на слобода.

1. Антонио Нието

Антониот сонувал дека го нападнале ноеви. Тој земал секира и чекан и почнал да ги брка птиците. Кога се разбудил сфатил дека ја убил неговата сопруга и нејзината мајка, а исто така сериозно и повредил и неговите две деца. Тој ќе ги убиел и децата доколку неговиот 64-годишен татко не успеал да го спречи. Нието бил осуден на 10 години во психијатарска институција и добил забрана од 500 метри до неговите деца. Исто така требал да исплати 171.100 евра на роднините на жртвите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено