Постојат многу хорор филмови кои се базирани на вистински приказни, или пак на дел од приказните, секако со малку зачин од Холивуд. Но што кога приказната е обратна? Убијци кои одлучиле да ги остварат своите најмрачни филмски фантазии. Имало и некои кои што верувале дека нивните омилени фиктивни негативци директно комуницирале со нив и им наредувале да ги извршуваат злобните дела.

1. Врисок

Во јануари 1998 година, 16-годишниот Марио Падиља и неговиот 14-годишен братучед станаа центар на медиумскиот гнев околу она што беше наречено „Врисок убиство“. Рамирез признал дека му помагал да ја задржи мајката на Падиља, 37-годишната Џина Кастиљо, додека Падиља ја прободувал 45 пати. Друг значаен случај е кога тинејџерка од Белгија, Алисон Камбиер била во посета на нејзиниот пријател Тиери Џарадин, кој и предложил да имаат кексуален однос. Кога Алисон одбила, Тиери земал маска од Врисок и два кујнски ножеви. Тој ја прободел девојката 30 пати.

2. Интервју со вампирот

Вечерта на 17-ти ноември 1994 година, Лиза Стелваген и нејзиното долгогодишно момче, Даниел Стерлинг, заедно го гледале филмот Интервју со вампирот. Околу 3 часот наутро Лиза се разбудила, а Даниел чудно ја набљудувал. Тој рекол дека таа вечерва ќе умре а тој ќе ја испие нејзината крв. Лиза не го сфатила сериозно, но наредниот ден Даниел седум пати ја прободел Лиза во градите, пред да почне да ја пие крвта од раните. Подоцна признал дека верува во вампири и е инспириран од филмот.

3. Пила

Во 2009 година, двајца тинејџери, на возраст од 14 и 15 години, биле обвинети за заговор за извршување на отежнато киднапирање, откако една од мајките ги слушнала како планираат да киднапираат, мачат и убиваат неколку луѓе. Двете момчиња имале детални планови за игри од типот на овие во филмот Пила. Тие сакале да им оддржат лекција на луѓе за кои тврделе дека нанесуваат штета, вклучувајќи и полицаец и две млади девојки. Момчињата дури набавиле и камери за да ги документираат убиствата, исто како што Jigsaw го прави во филмовите Saw.

4. Child’s Play (Чаки)

Иако изгледа тешко куклата Чаки навистина да оживее и да убива луѓе, овој лик бил инспирација за Мартин Брајант, еден од најголемите масовни убијци во Австралија. Во 1996 година, Брајант убил 35 лица, а биле повредени 23 лица, во Порт Артур. Тој, наводно, бил опседнат со детските особини на куклата и неговата способност да се одмазди.

5. Кошмар на улицата на брестовите

Во 2004 година, параноичниот шизофреничар Даниел Гонзалес, под дејство на дрога убил четири лица и повредил уште две. Тој подоцна изјавил дека бил инспириран од овој филм и сакал да стане „познат сериски убиец“. Гонзалес подоцна си пишувал писма сам на себе, за тоа како уживал во убиствата и колку тој е сличен на Фреди Кругер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено