Детето нашло една кутија во спалната соба на неговите родители и си измислило занимација. Во кутијата имало околу 50.000 кинески јуани (околу 6.500 евра). Таткото ги однел искинатите пари во банка, ја раскажал приказната и ги замолил да му ги заменат, но од банката му одговориле дека прво мора да ги залепи. Таткото цели два дена лепел, но успеал да реши само мал дел од загатката, бидејќи детето некои делови ги искинало на многу ситни парчиња.

Сподели на Facebook
пати видено