Во денешното општество, претскажувањето обично вклучува тарот карти, читање од дланка и хороскоп. Овие современи практики се бледи во споредба со она што се случило во минатото. Низ историјата, луѓето биле исто толку опседнати со обидот да дознаат што ќе се случи во иднината, како што се и денес.

1. Претскажување со животни

Во античка Македонија, Александар Македонски се советувал со јасновидец по име Аристандер. Еден ден, Александар сакал да направи животинска жртва на боговите во замена за победа во битката. Одеднаш, голема птица се превртела над жртвениот олтар и пуштила камен во близина на кралот. Таму бил и Аристанд и тој предвидел дека каменот значел дека Александар би ја освоил битката без оглед на жртвата, па затоа немало потреба да убие ништо друго како жртва. Исто така и мачките често биле користени за претскажување на иднината.

2. Долгиот човек

Индијанците, Чироки се консултирале со „долгиот човек“ за да ја откријат нивната иднина. Често цели семејства го посетувале „долгиот човек“ кој живеел покрај река . Тој кажувал магија и барал знак од реката. Доколку реката течела и ништо не се случувало тогаш тоа бил знак за долг и просперитетен живот, со гаранција за среќа од најмалку 7 години. Но, доколку дури и лист во тој момент се спушти надолу по реката тоа значело смрт во семејството.

3. Читање на ливчиња од чај

Оваа техника за претскажување се користела во Кина и европа во средниот век. Слично како и гледањето на кафе денес, гатачката „читала“ каква е судбината на човекот од формите кои ги оставале ливчињата откако ќе биде испиено кафето.

4. Претскажување со човечки жртви

Ацтеките и Инките практикувале „Anthropomancy“ што значи човечко пророштво. Децата и бебињата биле жртвувани заради проучување на утробата на мртво човечко суштество со цел да ја предвидат иднината. Жртвите морале да страдаат од бавна смрт, така што нивните гради биле отворани, а нивните органи се ваделе надвор од нивното тело. Потоа шаманот според подреденоста на органите и положбата на жртвата определувал каква ќе биде иднината.

5. Гатање на огледало, вода и кристали

Во 16-тиот век во Англија Џон Ди предвидел со кристална дека сестрата на кралицата Елизабета ќе почине за три години и дека Елизабета ќе го наследи тронот. Тој бил фрлен во зандана затоа што сметале дека се занимава со вештерство. Три години подоцна пророштвото се остварили и кралицата Елизабета лично го ослободила Џон и го прогласила за нејзин советник и дека неговите пророшва се „бела магија“, дадена од Бога.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено