Дима Песков од Русија исчезнал за време на кампување со неговите родители во Уралските Планини, Западна Русија. Момчето преживеало 5 дена, јадело трева и пиело вода од бара. Кога го пронашле детето веднаш било однесено во болница затоа што било дехидрирано и имало пневмонија. Полицијата очекувала да го пронајде детето мртво затоа што се сомневале дека неговиот татко го убил и го закопал во шумата.

4-годишното момче не можело да зборува откако било пронајдено, затоа што било премногу уплашено. Дури во болницата почнало да клима со главата и да дава кратки одговори на лекарите и неговите родители.

500 волонтери тргнале во потрага по Дима и тоа што детето останало живо сите го опишуваат како чудо. Дима и неговиот татко тргнале да соберат дрва за камперскиот оган и тогаш малото момче го снемало а таткото помислил дека се вратил кај мајка му и продолжил да собира дрва.

Неговиот татко, Андреј Песков вели дека син му го пронашол еден млад волонтер. Тој првин помислил дека детето е мртво но тогаш забележал движење. Мајката на Дима, Алифа Пескова не можела да ги задржи солзите од среќа и постојано им се заблагодарувала на волонтерите.

Родителите првин почнале сами да го бараат Дима, пред да повикаат полиција. Полицијата ќе испраша повеќе од 50 луѓе, поврзани со семејството Песков, за да дознае дали тие со негрижа го загрозиле животот на детето и дали вакви слични ситуации се случувале и порано. Шумата во која се изгубил Дима е дом на повеќе видови диви животни.

Сподели на Facebook
пати видено