Концептот е едноставен: Ако нешто е нелегално, најверојатно не е добра идеја да се обидувате да го криумчарите на граница. За жал луѓето на фотографиите подолу не го сфатиле добро овој концепт и завршиле во голема неволја. Наредниот пат кога ќе помислите дека криминалот се исплати, погледнете ја повторно оваа галерија.

1. Овој човек бил повикан на претрес откако забележале дека чудно се движи. Тој сакал да пренесе преку границата 94 Ајфони.

2. Овие дрвени палети од Колумбија,всушност се направени од кокаин.

3.Германската царина пронашла купчиња пари во кифлички.

4. Шпанската полиција пронашла 200 килограми кокаин во шупливи ананаси од Латинска Америка.

5. Арап сакал да криумчари алкохол под неговата традиционална облека во Саудиска Арабија, каде што алкохолот е забранет.

6. Човек кој што патувал од Дубаи во Австралија сакал да шверцува ЖИВИ гулаби во неговите пантолони.

7. Царината во Австралија запленила 150 мали шишенца на кои пишувало „Геј лубрикант“, а всушност се работело за допинг од Тајланд.

8. Овие ретки статуи од 6-тиот век биле земени од шверцери на антиквитети и сега се изложени во музејот во Атина.

9. Жена сакала да шверцува кристал мет во Фереро Рошер омоти.

10. Човек кој се враќал од Перу имал богат асортиман на храна во неговиот багаж. Тој, исто така, имал 4,5 килограми кокаин внатре во храната.

11. Шверцал живи ластовички во пантолоните.

12. Жена сакала да внесе во САД 6 кесички млеко во прав, кои што вусшност било кокаин.

13. Оваа жена сакала да внесе во Австралија риби во кеси, кои ги ставила во специјални пантолони под фустанот.

14. Еден возрасен и два мали гуштери требало да бидат пренесени во книга на аеродромот во Австралија.

15. Жена од Канада сакала да пренесе 50 кеси марихуана, на овој начин…

16. Член на картел од Колумбија сакал да пренесе над 100 килограми кокаин во лажни банани.

17. 53-годишна жена шверцала кокаин во Англија преку шампон за деца.

18. 451 желка и 7 слатководни крокодили биле пронајдени во торбата на патник кој патувал во Бангладеш.

19. Пакет со живи тарантули бил пратен од страна на германец во САД.

20. Вафли од ванила, наместо фил имале кокаин.

21. 91-годишен човек шверцал кокаин во Австралија, со што станал познат како најстариот шверцер на светот.

22. Црн опиум обложен со цимет и завиткан во фолија, бил пронајден кај човек од Иран.

23. Носел замрзнато месо во куферот, полицијата пронашла 2 килограми кокаин во него.

24. Сакале да пренесат повеќе од еден тон марихуана,ставена во лажни моркови, преку границата со Мексико.

25. Жена се преправала дека е трудна а всушност лажниот стомак бил полн со кокаин.

26. Полицијата на Австралија конфискувала течен метамфетамин, во вредност од над 1 милијарда долари.

27. Некој сакал да прати по пошта  Боа во Шведска.

Сподели на Facebook
пати видено