Храбра млада жена која била проституирана од нејзината сопствена мајка открива како успеала да ѝ прости. Лорен Дарлингтон, 23, од Австралија ја споделува својата приказна за тоа како нејзината мајка и пријателката на мајка ѝ, која е проститутка, ја подведувале шест години, поради што заработиле затворска казна.

дв01

„Никогаш нема да заборавам што се случи, но ми помага тоа што ѝ простив“, вели Дарлингтон за својата мајка. „Не сакам да размислувам за тоа како можело да биде ако нешто било поинаку, или ако нешто лошо ѝ се случи, не би сакала да жалам.“

дв02

Дарлингтон поголемиот дел од своето детство го минала под грижа на нејзиниот татко Трој, а со мајка си се гледала секои две седмици. Кога наполнила шеснаесет години, започнал нејзиниот тежок период.

„Го напуштив училиштето. Пропуштив многу од образованието…Постојано бев по болници бидејќи се самоповредував.“

Таа споделува дека имала големи проблеми со менталното здравје во тоа време, па така сакала да биде со својата мајка, со било кој кој би ја разбрал. Но, за време на нејзиниот престој кај мајка ѝ, таа се запознала со нејзината пријателка проститутка која почнала да го фали светот на подземјето во кој работела.

дв04

„Едноставно бев наведена, не од мајка ми, туку од нејзината пријателка. Таа раскажуваше колку било лесно. Се обидуваше да ми направи привлечна таа помисла.“

Во тоа време Лорин и мајка ѝ имале финансиски проблеми. „Сакав да ѝ помогнам на мајка ми финансиски, а тоа ми беше прикажано како лесна работа.“

Така Дарлингтон била воведена во мрачниот свет на проституцијата, каде што била сведок на злоупотреби на дрога. И било ветувано дека би можела да заработува и до 1000 долари за две ноќи.

„Понекогаш се заработуваше и 500,600 долари, но тоа значеше и до 12 часа работа“, вели таа.

дв06

Мајка ѝ и пријателката проститутка го фалсификувале нејзиниот извод за да ја прикријат нејзината возраст од 16 години за да изгледа како да има над 18 и дека може законски да работи.

„Веќе по две недели ми се смачи од се, пукнав. Еден ден сфатив дека сум уморна од се и дека веќе не можам да го правам тоа. Бев изложена на многу насилство.“

дв05

Во тоа време нејзиниот татко не знаел што ѝ се случува. За тоа дознал дури кога ќерка му му се исповедала.

„Се вратив кај тато и неколку дена не му кажував ништо. Не знаев како да му кажам. Кога му кажав, тој веднаш ме одведе во полициска станица.“

Нејзината мајка се изјаснила за виновна и ѝ претстои казна од најмалку 18 месеци затвор.

Сподели на Facebook
пати видено