Мудрите цитати секогаш можат со малку зборови да објаснат цела филозофија или пак начин на живот. Истокот секогаш бил изворот на мудроста, а овие цитати се доказ за тоа.

1. Дијамантот и кога ќе падне во калта, останува дијамант. А прашината дури и да се крене во облаците, пак ќе остане прашина.

2. Мудрата жена додава шеќер на сите зборови кои му ги кажува на мажот и ја отстранува солта од неговите зборови кон неа.

3. Чувај ги луѓето со кои по средбата со нив ти се раѓа нешто светло и радосно во душата.

4. Зборовите кажани од срцето, влегуваат право во срцето, а оние кои се кажани од јазикот не стигнуваат подалеку од ушите.

5. Премолчениот збор е твој роб, а кажаниот твој господар.

6. Смртта е стрела што лета кон тебе, а животот е оној миг, пред да стигне до тебе.

7. Победата над слабите повеќе наликува на поразот.

8. Најголемата несреќа е да имаш потреба од помош од луѓето кои ги мразиш.

9. Секогаш гледај на работите од светлата страна, а ако немаат таква, чисти ја мрачната додека не заблеска.

10. Вистински пријател е оној кој ги трга камењата и трњето од твојот пат.

11. Наутро, кога сонцето изгрева, дозволи му да влезе во тебе.

12. Има убавина, над која годините немаат власт – убавината на срцето.

13. Во нас ќе цвета онаа што го храниме, таков е вечниот закон на природата.

14. Ако имаш можност да ги исправиш последиците од својата грешка, значи не си погрешил.

15. Секое нешто има свое зајдисонце и својот крај, само ноќта завршува со изгрејсонце.

16. Човекот има еден јазик и две уши, за да слуша повеќе и да зборува помалку.

17. Богатиот може да си го купи најскапиот самурајски меч, но не може да си купи срце на самурај.

18. Пријателот се познава во неволја, херој – во жестока битка, жената – во катастрофа, а душата – во молитвата.

19. Кога немаш внатрешен непријател, надворешниот не може да те рани.

20. Ако можеш да му помогнеш на човек – помогни му, ако не можеш – помоли се за него. Ако не знаеш да се молиш – помисли му добро. И тоа ќе биде од помош, бидејќи светлите мисли се исто така оружје.

21. Оној кој плаче, не може да има црно срце.

22. Советувај се со илјада луѓе, но тајните кажувај ги само на еден.

23. Има три вида на непријатели: непријател, пријател на непријателот и непријател на пријателот.

Сподели на Facebook
пати видено