Новинарка со муслиманска вероисповест позирала за Плејбој носејќи хиџаб – прва таква насловна за списанието кое до пред една година претпочиташе голи манекенки на својата насловна. 22-годишната Нур Тагури се појавува во октомвриското издание како дел од серијата Ренегати 2016, која ги воспева креаторите кои ги поместуваат правилата во своите занаети. Тагури е Американка со потекло од Либија и вели дека нејзин сон е да стане првата ТВ водителка со хиџаб во американската комерцијална телевизија. Се здобила со внимание од јавноста во 2012 година, кога објавила слика со себеси на АВС 7 со коментар: Првата презентерка на вести на американска телевизија која носи хиџаб.

Објавата набргу се распротранила меѓу интернет корисниците и се претворила во кампања со хаштагот „Дозволете ѝ на Нур Да Блесне“. Тагури, која е дипломка на универзитетот Мериленд, сега работи во Њузи, мрежа за видео вести.

„Како жестока активистка со страст за барање промени и која ги поставува вистинските прашања, заедно со изгед како од реклама за убавина, Тагури нѐ тера да се запрашаме себеси зошто ни е толку тешко да прифатиме млада жена која свесно си ја покрива главата и не прифаќа `не` за одговор“, пишува Плејбој во најавата.

Во Плејбој фотките, Тагури носи црни панталони и бели Конверс патики, како и бела маица во комбинација со црно кожно палто.

tg01 tg06 tg05 tg04 tg03 tg02

Сподели на Facebook
пати видено