Доколку сте го гледале филмот “Необичниот случај на Бенџамин Батон”, тогаш ќе ви стане јасно зошто оваа момче го нарекуваат така. Рупеш Кумар, од Ханумангањ, Индија, старее осум пати побрзо од вообичаеното поради ретка болест на стареење. Неговиот изглед крена толку многу врева, што на неговите родители им биле понудени пари за да го продадат во циркус.

Состојбата позната како Хачинсон-Гилфорд прогериа се појавува само кај една личност во 8 милиони. Кумар е најстариот преживеан. Болеста кај Кумар се појавила кога имал две години, косата започала да му опаѓа, престанал да расте, кожата му се збрчкала и забите му паѓале.

Поголемиот дел од децата кои боледуваат оваа болест живеат до најмногу 15 години, но тоа не е случајот и кај Рупеш, тој има 21 година.

Пред околу 5 години неколку луѓе дошле во селото на Рупеш, кои што тврделе дека сакаат да му помогнат. Неговиот татко вели: “Мислев дека се добри луѓе кои сакаат да помогнат во лекувањето на син ми. Но бев шокиран кога ми рекоа дека сакаат да го купат син ми и да го прикажуваат во циркус.”

Луѓето се понудиле да платат 4.200 евра. Родителите на Кумар ги вратиле луѓето и им кажале дека никогаш не би го продале својот син.

Родителите на Рупеш испратиле писмо до Министерот за здравство на Индија во кои бараат помош за нивниот син, но уште чекаат одговор. Во меѓувреме на Рупеш му помага невладина организација “Ashutosh Memorial Trust”. За жал сеуште нема лек за болеста на Кумар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено