Тинејџер трансексуалец тврди дека му било платено да спие со повеќе од 300 оженети мажи, при што заработил околу 45 000 евра за само пет месеци. Три години откако ја започнал промената на полот на возраст од 16 години, Тешн И Џеј Тејлор од Чешир барал подобра прифатеност.

тр01

Во јануари годинава почнал да посетува сајтови за запознанства, иако воопшто не очекувал некој да му одговори. Но, на негово големо изненадување, за само 24 часа бил преплавен со пораки од заинтересирани. Позитивниот одзив од интернет заедницата му дал утеха на Тешн и го убедил да одговори на растечката листа на додворувачи. Неговиот телефон постојано вибрирал од нови известувања од мажи на возраст од 30 до 50 години. Месец дена откако се зачленил на три веб страници за запознанства, Тешн се согласил да се сретне на кафе со првиот муштерија, 40-годишен оженет доктор, кој му кажал дека е целосно отворен во врска со тоа да биде со трансексуалец во предоперативна фаза.

тр02

„Уште откако започнав да живеам како жена, на 16 години, не ни очекував дека ќе најдам таква прифатеност за којашто толку многу копнеев.“

Како што раскажува Тешн, на 13-годишна возраст сфатил дека е хомосексуалец, но набргу сфатил дека е во „погрешно тело“. Но. поради недостаток на поддршка од семејството, го напуштил домот. По зачленувањето на тие сајтови, Тешн нашол неочекувано исплатлив живот и со новостекнатата самодоверба започнал секоја недела да се среќава со друг маж. Го воделе на кино,театри, вечери итн.

тр03

Тој вели: „Бомбардиран сум со пораки и се чини дека привлекувам особен вид на луѓе – постари, оженети и со деца. Се разбира, на почеток се чувствував малку виновно, но кога ги запознав и ги слушнав нивните животни приказни, малку ми падна жал за нив. Овие мажи цело време биле затворени во себе и не можеле да се изразат себеси, да бидат тоа што се. И јас поминав низ тоа и ги разбирам.“

тр04 тр05

Четиримесеци по објавувањето на својот дигитален профил, Тешн решил да се впушти во сексуалните врски. Ете, и тоа полека станува „новото нормално“.

Сподели на Facebook
пати видено