Стресот при планирање на свадба може да биде преголем за некои жени. Толку голем што за одредена „глупост“ можат да го откажат најважниот ден од животот. Но, постојат повеќе апсурдни причини зошто невестите одлучуваат да ја откажат свадбата. бидете спремни да ги прочитате најоткачените причини за откажување на свадбата.

1. Мојот младоженец сакаше ергенска забава. Јас не му дозволив и ја откажав свадбата.
2. Ја откажав свадбата, бидејќи веќе не ми беше физички атрактивен.
3. Јас им кажав на луѓето дека ја откажав свадбата поради здравствени причини, но тоа е само дел од причината. Другата страна е тоа што не сакав луѓето да видат колку малку ме сака.
4. Ја стопирав венчавката затоа што се плашев дека вереникот ќе ме изневери и нашиот брак нема да успее. тој уште не знае за тоа.

5. Ја откажав венчавката затоа што сум заљубена во друга личност. Никогаш не сум изневерила. Таа на крајот реши да остане со своето момче. Уништена сум.
6. Му реков дека сѐ уште имав пеперутки во стомакот кога ќе го видам, тој рече дека неговите исчезнале. Затоа ја откажав свадбата. Заслужувам повеќе од тоа.
7. Ја откажав мојата свадба затоа што почнав да се заљубам во некој што не ги споделува моите чувства. Не ми е жал за тоа.
8. Ја откажав свадбата, бидејќи мојот вереник ме малтретираше вербално, емотивно и физички. Тоа беше најтешката одлука што некогаш сум ја донела и му благодарам на Бога за тоа секој ден. Никој не заслужува таков живот.

9. Ја откажав свадбата, бидејќи дознав дека не можам да имам деца.
10. Не сакав да стапам во брак, затоа што не можам да ги поднесам родителите на свршеникот.
11. Ја откажав мојата свадба затоа што се уморив од лажење за мојата сексуална ориентација.
12. Ја откажав свадбата затоа што вереникот воопшто не и се допаѓаше на мојата „најдобра пријателка“. Ние веќе не сме пријателки.
13. Ја одложив свадбата затоа што открив дека сум бремена и дека терминот е близу до датумот на свадбата. Не знам како да им кажам на сите!

14. Ја откажав мојата свадба, бидејќи мислам дека има некој подобар за мене.
15. Си ја прекинав мојата 6-годишна врска и ја откажав мојата свадба бидејќи мислам дека е геј, но се плаши да го признае тоа.
16. Ме откачи и ја откажа свадбата затоа што сум се здебелила. Не знам како ќе можам да излегувам со други мажи после ова.
17. Ние ја откажавме свадбата, бидејќи врската бара премногу работа. Знам дека ќе бидеме во ред по некое време, но во моментот не можам да се ослободам од чувството на срам.

Сподели на Facebook
пати видено