Отворена, паметна и непоколеблива, тогаш 16-годишната Роузи Кинг, во 2014 година, одржала говор на тема „Како аутизмот ме ослободи да бидам јас“. Таа дискутира за етикетата која на многу начини ја дефинира како позитивна работа. Таа го слави аутизмот по својата уникатност и го цени поради предизвиците и го прави „нормален“ на начин што во целост ги руши границите на тоа што претставува нормално а што не.

Кинг ги турка границите за она што е прифатливо со тоа што дава многу креативни и точни одговори. Човечката разновидност не може да се вклопи во кутија и не треба да биде принудена да биде вклопена. На многу начини, таа го гледа аутизам како способност што е спротивно на попреченост.

„Јас не се обидувам да се вклопам во мала кутија. Тоа е една од најдобрите работи кога имате аутизам. Немате потреба да го направите тоа. Го наоѓате она што сакате да го направите, наоѓате начин да го направите тоа и продолжувате со тоа. Ако се обидував да се вклопам во кутија, јас не би бил тука, не би постигнала половина од работите што ги имам сега.“, вели Роузи.

Но, сепак, Кинг не заборава да ги сподели проблемите поврзани со аутизмот:

„Има проблеми поврзани со аутизам, но има и проблеми поврзани со преголема имагинација. Училиште може да биде проблем во целина, но секојдневно да му објаснувате на наставникот дека лекцијата е неверојатно досадна и тајно се засолнувате во свет во вашата глава во кој не сте на тој час, може да биде една работа од секојдневната листа на проблеми. Исто така кога мојата имагинација ќе проработи, моето тело живее друг живот. Кога нешто мошне возбудливо се случува во мојот внатрешен свет, јас едноставно морам да трчам. Морам да се нишам напред-назад или понекогаш да врескам.“

Роузи исто така се надоврзува на „нормалниот“ живот и го симнува од пиедесталот. Таа зборува како сите се стремиме да бидеме нормални, но кога некој ќе ни даде таков комплимент не се чувствуваме поласкани. „Леле, ти си навистина нормална!, ќе чувствуваме болка. Ние сме навикнати на комплименти кои вклучуваат „убава“, „уникатна“ и „извонредна“. Па зошто тогаш ако луѓето сакаат да ги гледаме вака, се стремат да бидат нормални? Зошто луѓето што ја фрлаат својата брилијантна индивидуална светлина во мувла? Луѓето толку многу се плашат од различноста што ги присилуваат луѓето кои не сакаат или не можат да бидат такви да станат нормални.“, вели Роузи.

Кинг вели дека не би го менувала нејзиниот аутизам, нејзиниот карактер и имагинација, за ништо на светот. И таа се надева дека другите можат да научат и сфатат дека нема простор за страв од разновидност. Ние не треба да бидеме сместени во мала кутија бидејќи така ќе се загушиме.

Сподели на Facebook
пати видено