Секој човек греши. Никој не е совршен. Сепак понекогаш низа од неточни дејствија може да доведе до големи и катастрофални последици. Откако тоа ќе се случи останува само да се запрашаме: „Како се случи ова?“ Ова се некои од најскапите грешки кои се случиле во текот на историјата.

14. Пад на една станбена зграда

Станбениот комплекс Лотус Риверсајд во Шангај се состоел од 11 згради. Една од зградите од 13 ката се урнала. Било чудо што не удрила во останатите згради и да предзивика домино ефект. Причината за падот била неусогласеност со градежните стандарди и основа со слаб квалитет.

13. Случајно уништување на гитара стара 150 години

Гитарата која ја користела Џенифер Џејсон Ли во “The Hateful Eight” од Квентин Тарантино била вистинска реткост од пред 150 години, изнајмена од Музејот на Мартин Гитар. Се претпоставувало дека гитара од 19-тиот век од 19 век ќе биде заменета со лажна за одредена сцена. Сепак, Курт Расел не бил информиран за овој факт и тој ја скршил музејската изложба на парчиња.

12. Широк вагони и тесни платформи

Во 2014 година, железничката компанија SNCF одлучила да ја модернизира транспортната мрежа и порачале 2.000 нови возови за 15 милијарди евра. Мерките кои биле земени биле од станици кои се дизајнурани во псоледните 30 години, а голем дел од платформите биле псотари и потесни. Тие веднаш морале да ги прошират што ги чинело дополнителни 50 милиони евра.

11. $ 225 милиони изгубени поради печатна грешка

Јапонската компанија Mizuho Securities сакала да продаде една акција за 610.000 ¥ (околу 5.000 долари) на берзата во Токио. Сепак, се случила мала грешка при внесување на податоците. Тој ставил на продажба 610.000 акции за само ¥ 1, поединечно. И покрај протестите на компанијата, Берзата ја обработувала нарачката, што резултирало со загуба од 225 милиони долари.

10. Премногу тешка подморница, која нема да излезе на површината

Шпанската влада инвестирала 1,75 милијарди фунти во нова подморница – Исак Перал. Сепак, во процесот на градба се покажало дека е претерано тешка и постои голем ризик дека немада може да излезе на површината. Се испоставило дека некој направил грешка во пресметките на самиот почеток. За да се коригира, тие морале да го решат проблемот со вишокот килограми и да ја зголемат должината на трупот.

9. Продажба на Алјаска

Кон крајот на 19 век, Александар II од Русија ја сметал Алјаска само како земја покриена со мраз. Во март 1867 година, Русија одлучила да ја продаде огромната територија на САД за само 7,2 милиони долари. Со оглед на тоа што односот на рубљата на доларот бил речиси еднаков во тоа време, Русија доби малку од овој договор, но изгубила природни ресурси во вредност од милијарди долари.

8. Милениум, танцувачки мост

Милениумскиот мост, кој ги поврзува 2-та брегови на реката Темза во Лондон, бил отворен во 2000 година … и се затворил речиси веднаш. Се испоставило дека голема толпа на луѓе предизвикала премногу да се ниша. Првичната цена на мостот – 18,2 милиони фунти – била зголемена за уште 5 милиони фунти за да се спроведе реконструкција и да се додадат стабилизатори за движење. Сега е безбеден за употреба.

7. Загуба на вселенско летало

„The Mars Climate Orbiter“ било вселенско летало развиено од НАСА за да ја проучи климата на Марс. Меѓутоа, поради неверојатна грешка, контактот со бродот бил изгубен кога тој влегол во атмосферата. За трансфер на координати, една екипа на НАСА користела империјални единици, а друга користела метрички систем. Како резултат на тоа, леталото влегло во атмосферата на Марс премногу ниско и се распаднало.

6. Продажба на акциите на Apple

Роналд Вејн бил еден од основачите на Apple. Тој го креирал првото лого и го напишал прирачникот за Apple I. Во 1976 година, тој го продал својот 10% акционерски капитал за 800 долари, најмногу поради тоа што тој имал средства што можеле да се повлечат ако компанијата банкротира. Тој можел да биде милијардер до сега!

5. Облакодер кој топи автомобили

Благодарение на неговата конкавна форма и стаклена површина, лондонскиот облакодер „Воки-токи“ стана ништо друго освен огромно огледало. Неговата фасада ги стопила автомобилите паркирани во близина. Некои ентузијасти дури и пржеле јајца на нив. За да се спречи понатамошното оштетување, заштитата од сонце била прицврстена на зградата.

4. Протекувањето на езерото

Во 1980 година, во потрага по нафта, цело езеро истекло. Тоа се должело на погрешни пресметки за време на бушењето. Притоа бил уништен и рудник за сол, кој се наоѓал по езерото. Солта и водата формирале дупка која вовлекла 11 бродчиња, еден реморкер, камиони, па дури и еден остров. За среќа немало жртви.

3. Фрлени биткоини

Во 2009 година биткоините само што се појавиле и биле лесни за заработување. Англичанецот Џејмс Хауел собрал 7.500 во дигиталната валута. Сепак, тие чинеле речиси ништо тогаш. До 2013 година, цената на неговите биткоини се зголемила на 7,5 милиони долари. Кога тој сфатил што се случува се сетил дека го фрлил хард дискот со биткоините во депонија.

2. Васа, потонатиот брод

Васа, изграден по наредба на кралот, требало да стане предводник на шведската морнарица од 17-тиот век. Сепак, дури и не успеал да го напушти заливот на Стокхолм и потонал веднаш по напуштањето на бродоградилиштето. Поради неправилниот дизајн, бродот бил навистина нестабилен. Со првиот налет на ветрот, се превртл и брзо отишол на дното пред очите на илјадници жители на градот.

1. Паднат дел од мостот

Мостот над реката Хан во Сеул стана познат кога се урна за време на сообраќаен метеж во 1994 година. Централниот дел од мостот не можеше да го издржи товарот и падна во реката заедно со автомобили, минибуси и целосно натоварен автобус. Причината за несреќата биле лошо заварени челични конструкции.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено