Wealth X – истражувачка компанија специјализирана во анализирање и пресметување на имотот на најбогатите луѓе на планетата, ги откри најголемите богаташи коишто не го наследиле нивното богатство, туку го стекнале почнувајќи од ништо.

Бил Гејтс

 ls01

Имот: 85.7 милијарди долари

Својата кариера ја започнал посетувајќи часови по програмирање на тринаесетгодишна возраст. Кога имал дваесет години станал еден од коосновачите на Мајкрософт, откако го напуштил факултетот, и ги држел позициите: претседател, главен извршен директор и главен софтверски архитект, при што има најголем аксицки удел во компанијата. Вклучен е во листата на најбогатите луѓе. Ветил дека поголемиот дел од своето богатство ќе го остави за доброволни цели.

Ворен Буфет

ls02

Имот: 70.1 милијарди долари

На единаесет години купил три акции во Cities Service Preferred за себе, и три за неговата сестра Дорис Буфет. На петнаесетгодишна возраст заработувал месечна плата од 175 долари разнесувајќи весници на Вашингтон Пост. Денес е претседател, главен извршен директор и најголем сопственик на акции во Беркшир Хатавеј. Рангиран е помеѓу најбогатите луѓе во светот. Исто така е основач на Завет за дарување, кампања со која се охрабруваат најбогатите луѓе во светот своето богатство да го посветат на човекољубиви цели.

Амансио Ортега

ls03

Имот: 65 милијарди долари

Во 1975 ја основал својата прва Зара продавниза за да продава дизајнерска облека по нормални цени. Денес Зара е дел од групата Индитекс, од којашто Ортега поседува 59.29 отсто, зголемувајќи го своето богатство за 45 милијарди долари за последните шест години.

Лари Елисон

ls04

Имот: 51.5 милијарди долари

Седумдесетгодишниот основач на Оракл почнал како програмер и се збогатил со доминација на пазарот за бази на податоци. Во периодот од 1977 до 2014 бил главен извршен директор во софтверската компанија Оракл. Во 2014 Форбс го рангирал на третото место на листата на најбогати луѓе во Америка и на петтото место во светот.

Ингвар Кампрад

ls05

Имот: 48.1 милијарди долари

Ја основал IKEA кога имал само седумнаесет години. Денес тој е еден од најбогатите луѓе во светот, а IKEA e еден од најголемите малопродажници на мебел во светот.

Џеф Безос

ls06

Имот: 39.8 милијарди долари

Го основал Амазон во 1994 година, кога имал триесет години, откако го напишал бизнис планот додека возел до Сиетл. Амазон е најголемиот интернет малопродажник во светот. Од 2000 година Безос го основал Blue Origin, компанија за отпочнување на програма за лет на луѓето во вселената.

Карлос Слим Хелу

ls07

Имот 35.4 милијарди долари

Неговата прва инвестиција ја вложил кога имал единаесет години, кога вложил во владина штедилница. Познат како „Ворен Буфет од Мексико“, Слим поседува огромна бизнис империја којашто е влијателна во секој сектор на мексиканската емономија и држи 40 отсто од акциите на мексиканската берза.

Марк Зукерберг

ls08

Имот: 35.3 милијарди долари

Неговата приказна е многу добро позната. Во 2004 година го основал Фејсбук и откако се преселил во Калифорнија во 2006 година, ја одбил понудата на Јаху да го откупи Фејсбук за 1 милијарда долари. Денес неговата компанија вреди 202 милијарди долари и е на 22-то место на листата на најголеми компании во светот.

Ванг Џианлин

ls09

Имот: 35.2 милијарди долари

Тој е поранешно воено лице кој станал бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во Кина. Тој е претседателн а Далиан Ванда групата, најголемиот инвеститор во недвижнини во Кина, како и најголемиот кино и филмси ланец во светот.

Мајкл Блумберг

ls10

Имот: 33.7 милијарди долари

Својата кариера ја започнал како аналитичар и трговец во Саломон Брадерс, пред да ја формира Блумберг Л.П. во 1981 година и следните дваесет години ги поминал како нејзин претседател и главен извршен директор.

Лери Пејџ

ls11

Имот: 31.3 милијарди долари

Во 1996 година, тој и Сергеј Брин ја основале компанијата којашто подоцна ќе стане позната како Гугл.

Сергеј Брин

la12

Имот: 29.1 милијарди долари

Тој и неговите родители емигрирале од Русија во САД кога тој сѐ уште бил дете. Се сретнал со Лери Пејџ и го основале Гугл.

Ли Шау Ки

ls13

Имот: 28.3 милијарди долари

Во 1963 г. на триесет и петгодишна возраст, тој станал дел од компанија за недвижнини во Хонг Конг. Во 1973 година основал ја основал својата сопствена компанија „Henderson Land Development“, која работи со имоти, хотели, ресторани и интернет услуги.

Жорже Пауло Леман

ls14

Имот: 27 милијарди долари

И најбогатиот човек во Бразил почнал од нула. Тој ја основал 3G Capital во 2004 година. Во 2010 година 3G понудила 4 милијарди долари за сите акции на Бургер Кинг. Тој е рангиран на 26-то место на листата на најбогати луѓе во светот.

Сподели на Facebook
пати видено