Група четиринаесетгодишнициод Англија  отишле на училиште носејќи здолништа како вид протест против правилата кои забрануваат носење кратки панталони на училиште. Деветоодделенците решиле да носат женска облека откако не им дозволиле да носат кратки на најжешкиот ден во годината. За да го сторат ова, искористиле „дупка во законот“ според која здолништата се сметаат како дел од училишната униформа.

zd01

Ученикот Мајкл Паркер вели:

„Не е фер момчињата да се варат во црни панталони во најжешкиот ден од годината, а девојките да носат здолништа.“

Неговата мајка додава: „Ние целосно ги поддржуваме нашите момчиња. Мислам дека тоа што директорката го прави е дискриминација и јас сум крајно горда на Мајкл и неговите другари кои протестираат.“

zd02

Весли Ален, чијшто син Коди бил дел од групата протестирачи вели дека училишната одлука да ги казнуваат момчињата кои носат кратки панталони е „лудило.“ Тој вели: „Кратките кои ги носеше го имаат училишното лого на нив и мислам дека треба да им се дозволи да ги носат во жешките денови. Мислам дека ова е лудило. Момчињата го сторија ова за да истакнат поента и мислам дека тоа што го сторија е брилијантно. Не мислам дека Коди цело лето ќе носи здолниште, но мислам дека му се допаѓа вниманието.“

Оваа постапка на момчињата доаѓа по решението на училиште да ги казни учениците на училиште дошле во „несоодветна облека.“

zd03

Директорката Кејт Вилијамс изјавила: „Учениците имаат пристап до вода за да се освежат. Ние сторивме разумни чекори да се осигураме дека училниците се најудобни што може. Јас имам високи стандарди што се однесува до униформата и топловото време, а овие стандарди под прашање ги доведоа приближно два отсто од родителите и учениците. Четири ученици одбрале да носат здолниште на училиште. Учениците можат да изберат било кој дел од одобрената училишна униформа.“

Сподели на Facebook
пати видено