Иако натпреварот за „Комичен див свет, 2017“ сè уште трае и можат да се достават уште фотографии од кои ќе се изберат најдобрите, судиите почнале да се загреваат и објавиле некои од фотографиите кои досега најмногу им се допаднале. Не можеме да негираме дека овие фотографии се смешни и интересни и ги даваат дивите животни во едно ново, комично светло. И покрај хумористичниот пристап, овие награди не се само за забава. Нивните основачи, фотографите Пол Џојсон-Хикс и Том Сулам, исто така, имаат за цел да ги истакнат напорите за зачувување на дивиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено