Повозрасните постојано ни кажуваат дека во денешното време луѓето се многу мрзеливи благодарение на нашите телефони, направи, медиуми и сè што е направено за да ни го олесни животот. Најверојатно се во право. Но, сепак постојат направи за екстремно мрзливи луѓе, кои би ја однеле нивната мрзливост на повисоко ниво.

Електрични ролери

Дали сте фан на ролери, но не сакате да ги движите нозете? Користете електрични ролери, и … добро … стојте така.

Помошник за обување на чорапи

За вакви комплицирани работи во животот секогаш е добредојдена помош.

Масичка за лаптоп

Земете и грицки и ќе имате совршен викенд, освен што ќе треба повремено да одите во тоалет.

Џогер на далечински управувач

Исчистете го подот од удобноста на Вашиот кревет.

Влошки за стапала со далечински управувач за затоплување

Доколку Ви е ладно на нозете мајка Ви не мора да Ви носи дополнителен пар чорапи туку само да го вклучи далечинското.

Фудбал со далечински управувач

Доколку нозете не Ве служат, користете ги палците.

Полица за клоцање на чевли

Нема потреба од уредно редење на чевлите кога ќе пристигнете дома, едноставно клоцнете ги и тие ќе си го пронајдат своето место.

Начос во форма на лажица

Доколку не сакате да го чистите нередот од сос по јадење на начос, едноставно купете си во форма на лажица.

Часовник кој се полни на инсекти

Месојаден часовник на кој нема потреба да му ја менувате батеријата, едноставно ќе си добива енергија од инсекти.

Оформувач на стомачни мускули

Доколку Ви се потребни стомачни за 15 минути, а за ослабнување Ви се потребни 15 месеци, тогаш купете си го овој оформувач на стомачни.

Електричен корнет

Нема потреба да се мачите со јазикот да го вадите сладоледот од корнетот, овој корнет ќе го стори тоа за Вас.

Косилка за трева на соларен погон

Нема потреба да плаќате некој или сами да ја косите тревата, оставете го сонцето да ја заврши работата за Вас.

Автомат за пуканти

Чинијата со пуканки е далеку од Вашиот кревет? Нема потреба од вакво измачување потребно е само да се каже “Pop!” и Popinator ќе лансира пуканки кон Вас.

Бонус: Велосипед кој ни е потребен на сите

Ова е потребно кога ќе решите да спортувате, но не сакате да ја изгубите удобноста на Вашиот дом.

Сподели на Facebook
пати видено