Ние „обичните луѓе“ сме задоволни со становите и куќите кои ги поседуваме, или барем така сакаме да мислиме. Но, одедени луѓе едноставно сакаат да се истакнат во околината преку нивните домови и тоа не е повеќе само преку огромните „замоци и вили“ туку многу кретивни и откачени живеалишта.

12. Хелиодом, Франција

Хелиодомот во Франција е куќа која ќе ја заштеди енергијата и ќе го направи животот многу удобен. Соларните панели на куќата помагаат да биде ладно во лето и топло во зима.

11. Хабитат 67, Монтреал, Канада

Кој би рекол дека блокови ставени еден врз друг би можеле да формираат зграда. Оваа неверојатна структура била изградена во Монтреал, Канада, од Моше Сафди. На почетокот зградата требало д биде само негова теза, но сега луѓето живеат таму.

10. Футуро, Шведска

Футуро е куќа која изгледа како вселенски брод, дизајнирана од Мати Суронен и овие куќи можат да се најдат насекаде низ светот. Но, повеќето од овие куќи се наоѓаат во Финска, татковината на архитектот.

9. Куќа од огледала, Италија

Куќите од огледало во Болзано, Италија, тешко се забележуваат благодарение на нивниот уникатен дизајн „огледало“, кој прави да исчезнат од околината. По пристигнувањето, на располагање ви е цела нова концептуална куќа.

8. Машинска хобит куќа, Република Чешка

Оваа куќа во Чешка освои многу награди за еко-живеење и еко-домување. Потребни биле речиси 3 децении за да се изгради, но сигурно ќе трае многу подолго.

7. Куќата Наутилус, Мексико

Вистинското уметничко дело, куќата Наутилус во Наукалпан де Хуарес, Мексико, изградена од Хавиер Сеносијан, само може да го направи животот посветол и поубав.

6. Камениот дом, Португалија

Оваа камена куќа во Португалија е во приватна сопственост и е опкружена со ограда. Таа сигурно не потсетува на времето кога човештвото живеело во пештери, бидејќи целото место е врежано во камен. Не е јасно кој живее таму, но едно е сигурно: привлекува толку големо внимание што сопствениците го поставиле знакот „приватна сопственост“.

5. Ротердам коцкести куќи, Холандија

Овие домови во Ротердам се во приватна сопственост. Нивниот уникатен изглед привлече големо внимание. Сепак, можно е да се остане таму и има многу веб-сајтови за сместување кои ги изнајмуваат овие куќи.

4. Куќата-чевел, Холандија

Оваа куќа-чевел се наоѓа во еден парк во Холандија е толку симпатична и пријатна што изгледа како да скокна директно од цртан филм. Ова е дом на Алфред Квак од холандскиот цртан филм со истото име од 1990 година.

3. Биоморфната куќа, Израел

Оваа футуристичка куќа во Нехуша, Израел, била изградена од францускиот архитект Ефраим Хенри Пави. Куќата е еколошка и поради неверојатниот изглед секој би сакал да ја купи.

2. Превртена куќа, Германија

Зоолошката градина во Геторф, Германија, добила куќа која е далеку од обична – стои на нејзиниот покрив! Местото е дозволено за посетители во текот на целата година.

1. Тоалетна куќа, Кореја

Да, ова е г-дин тоалетна куќа. Се наоѓа во Сувон Сити, Јужна Кореја, оваа градба во облик на тоалет е отворена за посета во текот на целата година. Исто така е домаќин на настани како што се изложби и концерти.

Сподели на Facebook
пати видено