Иако некои луѓе велат дека моногамијата е само за човечките суштества (не секогаш), овие животни го покажуваат спротивното. Тие остануваат верни на своите партнери и не се откажуваат лесно од нив.

Гибони

Гибоните се најблиските роднини на луѓето кои се парат еднаш за цел живот. Тие се моногамен, редок вид примати. Тие создаваат екстремно силни врски и покажуваат низок сексуален диморфизам, што значи дека мажите и женките на видот се со приближно еднаква големина, а исто така имаат и еднакви права во нивната заедница. Паровите секогаш се заедно и се дружат на дрвјата. Според понови истражувања културата на гибоните почнала да се менува и тие почнале да „раскинуваат“ со партнерите, слично како што го прават тоа луѓето.

Лебеди

Лебедите формираат моногамни врски кои траат со години а понекогаш и цел живот. Нивната лојалност кон партнерот е толку легендарна што фотографијата со двајца лебеди кои пливаат со нивните вратови испреплетени во форма на срце станаа скоро универзален симбол на љубовта.

Црни мршојадци

Добар изглед не е предуслов за верна врска. Црните мршојадци напаѓаат други мршојадци што биле фатени во изневерување. Истражувачите дури ги погледнале и генетските докази на ДНК за да ја проучат моногамијата на црниот мршојадец. Тие заклучиле дека доколку мршојадците станат родители тогаш тие остануваат заедно до крајот на животот.

Француска ангелска риба

Ретко ќе ги видите овие риби сами. Тие живеат, патуваат и ловат во пар. Рибите формираат моногамни врски кои често траат додека се живи. Тие дејствуваат како тим и ја бранат териоторијата од другите парови.

Волци

Иако волците вообичаено се претставени како лажливци, сепак, имаат семеен живот кој е всушност е прилично полојален и попосветен од многу човечки односи. Суштината на односот мажјак-женка е во потомството, па поради тоа заедницата на волци наликува на вистинско семејство.

Албатрос

Тој може да прелета далечен пат преку океанот, но и покрај долгите патувања, секогаш се враќа на истото место, на истиот партнер, кога е време за парење. Врската меѓу мажјакот и женката се формира во текот на неколку години и обично трае цел живот, обележана со симпатични и срдечни ритуални танци.

Термити

Во колонијата на мравки, матицата добива млади со една мравка и умира набрзо по парењето. Додека, некои видови на термити може да формираат доживотна врска меѓу машката мравка „кралот“ и женската мравка „кралицата“, кои буквално создаваат цело кралство.

Прериски волухари

Иако повеќето глодачи имаат репутација дека се промискуитетни, прериските волухари секако не спаѓаат во такви животни. Тие стапуваат во моногамни врски, кои траат цел живот. Љубовта на волухарите обично се смета за љубов слична на човечката. Се поддржуваат меѓусебно, ја делат одговорноста и заедно одгледуваат младенчиња.

Грлици

Тие се познати по нивната љубов и верност. Нивниот однос дури е инспирација за Шекспировата поезија, па се искористени за алегорија во песната „Феникс и желката“, во која Бард зборува за идеална љубов.

Црви schistosoma mansoni

Овие паразити се далеку поверни од луѓето во чија внатрешност живеат. Не е баш толку романтично, затоа што тие предизвикуваат болест позната како полжавична треска. Kога се размножуваат внатре во телото на човекот, формираат моногамна врска, која трае цел животен циклус.

Белоглав орел

Овој вид птица го остава својот партнер само во случај на пцовисување или импотенција. Во спротивно се враќаат во истото гнездо секоја година и остануваат еден покрај друг до крајот на животот.

Сподели на Facebook
пати видено