Мајката природа е секогаш полна со изненадувања. Тешко е да поверуваме колку многу неверојатни и различни суштества живеат на нашата планета! Ова се само неколку од тие ретки животни за кои малкумина од нас имаат слушнато.

Или Пика (Тјеншанска Пика)

Оваа слатко и многу ретко животно е исто така познато како “магичниот зајак.” Или Пика беше скоро фотографирана по цели 20 години. Откриена е на Тјеншан планините во Кина.

Пинокио жаба

Оваа суштество е исто така познато под името “Жаба со шилест нос”. Кога мажјак се обидува да привлече женка или пак почувствува опасност, неговиот издолжен нос, како Пинокио се крева нагоре.

“Мајмунот без нос” (snub-nosed monkey)

Најреткиот примат во светот е откриен во 2010 година во Бурма (Мјанмар). Поради необичниот облик на нос, мајмунот секогаш кива кога ќе заврне.

Розова “Handfish” ( риба со раце)

Пред неколку години научниците открија 14 вида на риби со перки во вид на раце. Денес 9 од нив се загрозени видови.

Белите лилјаци од Хондурас

Овие убави мали, бели пријателчиња од Централна Америка живеат во шатор од Heliconia лисја, јадат овошје и растат најмногу до 4,7 сантиметри во должина.

Grimpoteuthis ( Дамбо октопод)

Оваа бизарно суштество од длабочините на морето го добило своето име по двете перки на мембраните помеѓу неговите нозе, кои личат на ушите на летечкиот слон Дамбо, од познатиот цртан филм.

Салпи

Салпите се слободнопливачки морски животни со пелагијален начин на живот. Тие се хранат со јаглероден диоксид од водата и го транспортираат преку своите транспарентни тела. Најверојатно треба да им бидеме благодарни затоа што го намалуваат нивото на јаглероден диоксид.

Рак “Cherax Pulcher”

Овој фасцинантен, убав и разнобоен рак е откриен во Индонезија минатата година.

Кинеската Албино желка

Овие мали желки со мек оклоп го користат својот долг врат и цевчестите ноздри за дишење под водата.

Јода лилјак

Овој сладок лилјак со чудни очи и цевчест нос за прв пат е откриен во 2009 година во шумите на Нова Гвинеја. Стана интернет сензација поради сличноста со Једи од филмовите Војна на ѕвездите.

Амазонскиот розов делфин

Овие речни делфини се светло сиви, но некои од нив стануваат розови кога ќе станат повозрасни. Овие делфини не се питоми и не можат да се тренираат, затоа и не се држат во заробеништво.

 

 

 

Сподели на Facebook
пати видено