Ова е листа од највозбудливите но и најопасните туристички дестинации во светот. Ако сакате да воведете малку опасност во вашиот одмор, ова се местата за вас.

Долината на смртта, САД

Ако Земјата ја нарекуваме нашиот дома, тогаш Долината на смртта е нејзината врела рерна. Оваа прекрасна пустина го бележи рекордот за највисока измерена температура во светот 56.7 °C. Без разлика колку и да сте издржливи врелото сонце и пеколната жештина на Долината на смртта ќе ве исцрпи дур да трепнете. Без вода, тука може да преживеете само 14 часа.

Данакилска пустина, Еритреја

Врели температури од скоро 50°C, бројни активни вулкани, гејзери кои исфрлаат отровни гасови. Тешто е да се замисли по брутална средина од Данаклиската пустина во Африка. Многу луѓе го нарекуваат оваа место “Пекол на земјата,” но таа сеуште привлекува храбри авантуристи. Посетата на оваа пустина без искусен водич е строго забрането.

Маунт Вашингтон, САД

Врвот на оваа планина го држи светскиот рекорд за најбрзи ветрови на површината на земјата. Најголемата брзина измерена тука изнесува 327 километри на час. Силните ветрови сепак не се единствениот проблем на оваа област. Неверојатно ниските температури, кои можат да паднат до -40 °C, и континуираните врнежи од снег ја прави планината Вашингтон многу опасно место. Иако е на скромна висина од 1,917 метри, товарот што човечкото може да го почувствува таму е скоро еднаков на оној што може да се доживее на Монт Еверест.

Вулканот Синабунг, Индонезија

Синабунг е активен вулкан во Индонезија, поточно на островот Суматра. Ерупциите се чести и оставаат илјадници луѓе без кров над главата. Во 2010, 2013, 2014 и 2015 се случија ерупции кои ги уништија околните градови и села. Најновата ерупција е од 27ми Февруари 2016 година, кога вулканот исфрлаше отровни гасови и камења во висина од 2.500 метри. Никој не знае што би можело да се случи утре.

lha da Queimada Grande (Островот на змиите), Бразил

Скриен на бреговите на Бразил овој остров е дом на најотровната змија во светот Ботхропс. Истражувачите велат дека во просек има по 5 змии на метар квадратен. Владата на Бразил го забранила пристапот до овој остров откако биле забележани неколку смртни случаи.

Националниот парк Мадиди, Боливија

На прв поглед изгледа многу мирно, но всушност е многу смртоносно. Зошто ? Овој парк ја има најсмртоносната фауна во светот. Контактот со растенијата од оваа место може да ви предизвика осип, инфекција и болести.

Долина на смртта, Камчатка, Русија

Камчатка исто така има своја Долина на Смртта. Големата концентрација на отровни гасови од оваа место се сериозна закана за животинскиот и растителниот свет. Луѓето од изложеност на оваа место добиваат треска, вртоглавица и им се лоши.

Бикини Атол, Маршалските Острови

Овој остров изгледа како рај, но всушност е дом на неколку програми за нуклеарно тестирање, што го претворија овој остров во радиоактивен отпад. Жителите од овој остров се отселени а подолг престој може да предизвика секаков вид на рак.

Слоново Кралство во Шонбури, Тајланд

На овој остров има фарма за крокодили каде што луѓето можат да ги хранат. Туристите се качуваат на мал полу-отворен сплав, од кој што преку стапови на кои што има месо ги хранат крволочните животни.

Афарска Депресија, Етиопија

Ерта Але вулканот во близина на Афар, Етиопија е еден од најопасните вулкани во светот. Мали земјотреси константно го тресат регионот, поради тоа што вулканот има две езера полни со лава, чија што висина константно се менува и поради тоа доаѓа до земјотреси.

Езерото Натрон, Танзанија

Можеби изгледа како слика од друга планета, но всушност ова е езерото Натрон во Танзанија. Алкалната сол на површината на езерото е толку токсична што секое живо суштество што ќе дојде во контакт со неа, умира. Од очигледни причини пливањето во оваа езеро е строго забрането, а ужасната миризба на водороден сулфид нема да ви дозволи да уживате во убавата глетка.

Бонус: Змиски Остров на Преспанското езеро, кој со малку промоција би можел да се најде на ваквите листи

Змиски остров или Голем Град е најголемиот остров во Р. Македонија. Освен по ендемски растенија, ретки птици како и цркви и археолошки локалитети, островот е познат и по многубојноста на змиите кои преживуваат на островот.

Во карпите до водата се кријат многубројни водни змии – белоушки. Тие змии не се отровни, но како влекачи се непријатни за посетителите.

Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и спили со височина 20 до 30 метри. Над нив се оформува плато со две возвишенија на северниот и јужниот дел на островот. Меѓу возвишенијата има седло кое на бреговите завршува со мали заливи. Овие два заливи се единствените места од кои може да се пристапи на платото.

Поради природните вредности кои ги поседува, со Планот за просторно уредување на паркот за островот одреден е посебен режим на заштита и ставен е во зоната за строга заштита.

На островот на релативно мала површина сконцентрирани се голем број културни историски споменици и природни вредности. Два километри долгиот воден пат од селото Коњско води до оваа природна тврдина, издигната 30 m над езерската вода и со површина од 18 хектари. Денес е ненаселена, но е богата со ендемски растенија, ретки птици, залични заедници на животни, како и објекти, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови на населеност на островот.

Освен за љубителите и проучувачите на природата, островот Голем Град е едно од најатрактивните места за оние чии интересирања се насочени кон откривањето и исражувањето на остатоците на населбите од неолитот, старомакедонското и римското време (некропола) и средновековието. Освен римската некропола, откриени се шест цркви постоеле дванаесет. Островот впрочем бил континуирано населен 2000 години, а манастирскиот живот се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви, од особен интерес е онаа подигната и живописана во XIV врз темели на римска цистерна за вода.

Освен сочуваната црква Св. Петар, средновековната црква Св. Димитрија, постои и ранохристијанската базилика од крајот на IV и почетокот на V век, каде се откриени остатоци од поден мозаик.

Островот има три пристаништа: „Св. Петар“, „Гојдарица“ и „Влаија“.

Сподели на Facebook
пати видено