Убавината е субјективна и често станува предмет на контроверзии. Некои ги сметаат стандардите за убавина здравите румени образи или полни сензуални усни,  други се луди за бледа кожа и изразени црти на лицето. Сепак, сите аргументи исчезнуваат кога станува збор за убавината на децата. Ова се деца кои, благодарение на нивниот изглед и шармантна магија, станаа познати речиси во целиот свет.

1. Анастасија Књазева, Русија

Анастасија е прогласена за „најубавото девојче во Русија“ од медиумите. Нејзината мајка вели дека таа го добивала вниманието од луѓето уште кога била бебе, благодарение на нејзините небесно-сини очи. Погледнете ја нејзината новогодишна фотосесија тука.

 

2. Ана Павага, Русија

Еве уште еден  мал ангел од Санкт Петербург. Ана се занимава со балет и како и многу девојки од нејзината возраст, сонува да стане професионална балерина. Таа почнала да се занимава со манекенство кога имала 3 години, а исто така почнала да се занимава и со глума.

 

3. Лорен Лунде, Јужна Кореја

Децата од „мешани“ бракови имаат многу уникатна убавина. Мајката на Лорен е од Јужна Кореја, а нејзиниот татко од Канада. Девојчето позира за реклами на познати брендови на облека за деца.

 

4. Хајлеј Васкез, САД

Оваа мала убавица сонува да стане познат дизајнер. За да го исполни сонот тргнала во училиште за дизајнери и станала најмладиот студент во 2017 година. Таа исто така учествува во модни ревии.

 

5. Вилијам Френлин-Милер, Австралија

Оваа момче е прогласено за најубавото на Инстаграм. Неговата кариера започнала така што објавил фотографија на Твитер и добил внимание од јавноста. Сега тој учествува во многу ревии и се занимава со глума.

 

6. Жордин Рајнл, САД

Жордин ги прави своите први чекори во светот на модата и ако не е позната како останатите деца од листата, сепак е на добар пат кон успехот.

 

7. Ланеја Грејс, САД

Еве уште еден пример за измешани гени. Ланеја има потекло од Шпанија, Америка и Филипини. Нејзината мајка ја запознала со светот на модата кога имала три години. Сега таа има 13 и веќе има договор со Дизни.

 

8. Колин и Камерон Скот, САД

Овие идентични близнаци почнале да работат со агенција за модели во Калифорнија.

 

9. Талија Брук, САД

Пред Анастасија оваа мала убавица била нарекувана „најубавото девојче во светот“. Таа соработува со Ралф Лорен и Оскар де ла Рента.

 

10. Анастасија Авербук, Израел

Оваа Анастасија се смета за „најубавото девојче во Израел“. Таа е ќерка на познатиот спортист Александар Авербук.

 

11. Меган и Морган, САД

Бојата на очите на овие близначки ги прави прекрасни и уникатни. Морган има ретка аномалија наречена хетерохромија и нејзините очи се разликуваат по боја.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено