Многу често една од личностите во врската не сака да се збогува со другата и тука доаѓа до проблеми и конфликти. Обично сè се завршува со многу солзи и смс пораки во алкохолизирана состојба. Сепак за некои луѓе ова е малку. Тие решиле на екстремни начини да ги вознемираат своите поранешни девојки и момчиња, почнувајќи од демнење па сè до убиство.

10. Пропуштени повици

Во 2011 година во Ротердам 42- годишна жена била уапсена затоа што го демнела поранешното момче. Таа мус е јавувала во просек 178 пати на ден. Односно околу 65.000 пати за цела година, што значи скоро два повика на секои 10 минути, секој ден. Откако била пуштена од притвор издржала 7 дена и повторно продолжила со повиците.

9. Дејвид Симонс

Дејвид ја снимил својата поранешна девојка кога имале секс и за Нова Година, 57-годишниот Дејвид ја испратил фотографијата во вид на новогодишна честитка до сите роднини и пријатели. Тој првин негирал, но потоа ја признал вината и завршил во затвор во 2009 година.

8. Трејси Дејвис

Трејси која била алкохоличарка и нејзиното поранешно момче Марк се сретнале за да го прослават неговиот 45-ти роденден. Трејси била тажна затоа што добила вести дека не е бремена. Таа барала од Марк да ја бакне за да ја утеши, кога ја бакнал таа му го прегризала јазикот и го плукнала на подот. Потоа самата се пријавила во полиција.

7. Бјурон Стокли

Тери Томсон и Бјурон биле разведени, но тој ја прашал да се пресели кај неа на кратко затоа што бил отпуштен од работа. Таа се согласила, но кога одбила да спие со Бјурон тој една вечер додека таа спиела врз лицето и истурил врело масло и ја удирал со тавата. Тери добила изгореници од трет степен, Бјурон завршил во затвор.

6. Доминик Фишер

24-годишниот Вејн и 22-годишната Доминик од Англија се запознале на забава и одлучиле да го поминат викендот заедно. Третиот ден се скарале и таа вечер Доминик измешал валиум со алкохол и се онесвестил. Наредното утро се разбудил со исеченици по телото со нож и „тетоважа“ на која пишувало Доминик.

5. Агустин Гарсија

Гладис Рикард не го поканила нејзиното поранешно момче Агустин на нејзината свадба и тој бил толку револтиран што отишол на свадбата и додека Гладис и нејзиниот сопруг се фотографирале ја застрелал со пиштол во главата. Тој тврдел дека не очекувал дека Гладис ќе се омажи затоа што редовно се гледале и имале односи. Тој добил доживотна казна затвор.

4. Тони Џо Силви

62-годишниот Питер Мејн раскинал со неговата 49-годишна девојка Тони. Таа потоа му испратила 712 мејла, му се јавила над 1.000 пати, провалила во неговиот дом и од неговиот Фејсбук профил ставила фотографии од нив двајцата, ги кршела неговите прозорци и го нападнала со меч. Како за крај го уништила неговиот автомобил и гаража со нејзиниот камион. Сето тоа го направила во рок од три месеци.

3. Ерби Бовсер

Овој воен ветеран, професор и танчер во Тексас, 2013 година првин влегол во куќата на неговата поранешна девојка Тоја и ја убил неа и нејзината 17-годишна ќерка, а тешко го повредил 14-годишниот син на Тоја и 17-годишната пријателка на нејзината ќерка. Потоа тргнал кон куќата на поранешната сопруга Зина. Тој фрлил експлозив во куќата, со што ја убил Зина и нејзината ќерка, а повредени биле и синовите на Зина. Во 2017 година Ерби бил осуден на доживотна казна затвор без можност за условна казна.

2. Катерин Киеу

Катерин повикала брза помош и кога пристигнале лекарите таа им објаснила дека со нож го исекла пенисот на нејзиниот сопруг и го фрлила во ѓубре, затоа што го заслужил тоа. Човекот бил однесен во болница, но не можеле да му го вратат пенисот. Катерин и нејизниот сопруг се разведувале и таа не можела да го поднесе тоа и затоа го онесвестила и го врзала сопругот за креветот и го извршила ужасниот чин. Во 2013 година добила казна затвор од седум години.

1. Џебија Џејмс Стајп

Џебија, поранешен маринец, сакал да се одмазди на неговата поранешна девојка Сара Костовни. Тој користејќи нејзина фотографија објавил на одреден сајт дека бара услуга од мажи кои ќе ја силуваат Сара. Кога еден маж се пријавил, Џебја се претставил како Сара и детално му објаснил што „таа сакала“ тој да и направи. 26 годишниот Оливер отишол пред куќата на Сара и ја силувал, додека и се заканувал со пиштол. Тој мислел дека врескањето и отпорот на Сара се дел од глумата. Двајцата мажи добиле по 60 години казна затвор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено